Зошто сме нервозни ако не јадеме и кои други симптоми укажуваат на прегладнетост?
Дали нервозата предизвикана од глад е мит или постојат научни објаснувања за тоа како недостатокот на храна влијае врз нашите емоции? Кои други симптоми може да ги почувствувате ако сте прегладнети?
Во англиското говорно подрачје честопати се користи терминот hangry, кој е кованица од двата збора hungry (гладен) и angry (лут) за да го објасни чувството на нервоза предизвикано од глад и недоволно внесување храна.
Една работа е да посакувате да изедете полна кеса со чипс или цело чоколадо, но да се воздржите, а сосема друга работа е да бидете толку многу прегладнети заради што ќе бидете постојано нервозни. Познавате ли некоја таква личност?
Дали ваквото чувство е реално или само мит?
Гладот го крева нивото на хормоните
Кога не сте јаделе подолго време нивото на шеќери во крвта опаѓа, а со тоа паѓа и крвниот притисок.
Опаѓањето на крвниот притисок, пак, предизвикува пораст на нивото на некои хормони, како што е кортизолот (хормон на стресот), но и адреналинот (хормон што го регулира инстинктот за преживување).
Кога сме гладни мозокот не работи правилно
Зголеменото производство на овие хормони има за цел да го регулира крвниот притисок, но кај некои луѓе високото ниво на кортизол предизвикува агресија.
Дополнително, познато е дека нискиот крвен притисок го попречува работењето на одредени функции на мозокот како што е контролирањето на импулсите, примитивните потреби и однесување.
Гладувањето може да предизвика зголемена агресија кај луѓето што веќе имаат проблеми со контрола на гневот, но сепак тешко е да се направи разлика дали овие негативни емоции доаѓаат заради менталната состојба или поради тоа што луѓето се гладни.
Кои други негативни симптоми може да ги предизвика гладот?
Освен што може да ве направи агресивни, гладот може да предизвика и замор, поспаност, тешкотии во концентрацијата, проблеми со балансот и склоност кон правење грешки.
Б. С. Б. | Црнобело