Колку сте толеранти?

kolku-ste-tolerantni-povekjeДури и кога сме потполно свесни дека нешто не ни е по волја, потребно е да се остане прибран и толерантен. Можеме да мислиме дека некој има нешто...


...против нас, можеби сме склони кон конфликти и расправии без причина, можеби секојдневно на работа се соочуваме со голема конкуренција со која не е лесно да се излезе накрај, но она што не можеме е да бидеме нетолерантни.

kolku-ste-tolerantni

Во услови на денешното живеење не е погрешно да се постави прашањето дали постои некоја граница на толеранција, дали постои нешто преку кое никогаш не се поминува?

Факт е дека секој од нас во помала или поголема мерка се труди да држи до себе. Малку кој дозволува да биде надмудрен или насамарен.

Но, и таквите ситуации порано или подоцна се случуваат. И тогаш, кога ќе се погледнеме во огледало, па наместо својата, во видиме магарешка глава со големи уши, логично е да се запрашаме до каде треба да се трпи одредено однесување.

Ако се случи да сме виделе магаренце во огледалото поради својата наивност, немаме на што да се пожалиме. А не треба ни да се очајува (или барем не претерано). Лошите искуства постојат за од нив нешто да научиме, но служат и за да ги преиспитаме границите на толеранција.

Рамнодушноста секако дека не е решение. Претерано енергично, агресивно однесување – исто така. Дали тогаш толеранцијата е нешто помеѓу, некој вид напор за дипломатски начин на решавање на проблемите, нешто помеѓу рамнодушноста и агресивното наметнување на својот став?

Дали толеранцијата е само формално прашање за искажување на сопствениот став, па макар тој бил и дијаметрално спротивен на она што треба да се чуе, на начин кој е прифатлив само поради тоа што е спакуван во умереност?

Како е во вашиот случај? Толерантни сте и ги решавате проблемите дипломатски, или сте лесно избувливи и агресивни?

Би можело да ве интересира:

Лимон наместо антиперспирант - Нов бизарен ТикТок тренд (и зошто е опасен) Според дерматолозите, лимонот може да ја иритира нежната кожа под пазувите, но д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам ни да ја погледнам ќерка ми – дали имам постпородилна де... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Работи што треба да ги знаете за хемороидите, а за кои се срамите да прашате Помалите хемороиди поминуваат сами од себе за неколку дена, а можат да се јават ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg