Ги намалува ПМС симптомите и уште 8 причини зошто секогаш треба да имате чај од камилица во домот
Ги отстранува штетните габи од растенијата
Цветовите од камилица се богати со сулфур, па чајот од нив може да ги убие штетните габи кои се појавуваат околу растенијата во вашата градина.
Можете да си направите раствор против габи – оставете неколку вреќички чај од камилица да отстојат во поголемо количество вода околу 20 минути.
Ставете ја смесата во шише со распрскувач и нанесувајте на растенијата неколкупати неделно.
Можете да го користите како природно средство за плакнење уста
Поради антивоспалителните и антибактериските својства, чајот од камилица е одличен и како средство за плакнење уста.
Со редовно користење може и да го намали ризикот од појава на инфекции и болести на непцата.
Се разбира, за ова мора да користите чај од камилица без никакви засладувачи и не заборавјте дека чајот не може да го замени редовното миење на забите со паста.
Ги регулира проблемите со стомакот
Веројатно веќе знаете дека чајот од камилица може да реши многу дигестивни проблеми како подуеност и киселини.
Ги ублажува симптомите на ПМС
Чајот од камилица веројатно нема да ви помогне ако имате многу силни болки пред и за време на менструација, но дефинитивно може да ги ублажи полесните симптоми.
Според истражувањата, чајот од камилица е одличен природен лек за симптомите кои се јавуваат непосредно пред и за време на менструацијата.
Го подобрува сонот
Чајот од камилица има и релаксирачко дејство, па може да биде одличен пијалак пред спиење.
Спирова С. | Црнобело