Изедете банана и уште 5 совети со кои ќе ги намалите киселините во желудникот
Ако имате проблеми со киселини во желудник, најдобро избегнувајте ја тесната облека што ве стега во областа на стомакот. Кои други навики треба да ги практикувате или избегнувате?
Постојат безброј причини за појава на киселини и многу луѓе се соочуваат со овој проблем.
Некогаш киселините се појавуваат по обилен оброк со мрсна, кисела или зачинета храна, а можат да бидат и несакан ефект од некои лекови.
Ако често имате киселини, најлесно ќе најдете решение со помош на вашиот лекар. Во меѓувреме, постојат некои работи што можете да ги направите за да ги смирите киселините во стомакот.
Дел од нив во продолжение:
Изедете банана
Поради високата pH вредност, бананата може да ги неутрализира киселините во желудникот.
Бананата спаѓа во таканаречени алкални намирници, односно храна со повисока рН вредност.
Во оваа група спаѓаат и други намирници кои можат да ви помогнат да ги намалите киселините, како лубеница, карфиол и јаткасти плодови.
Носете поширока облека
Ако имате проблеми со киселини, најдобро избегнувајте ја облеката што ве стега на стомакот.
Оваа облека создава дополнителен притисок на стомакот, а ова може да ги влоши киселините.
Спијте во правилната положба
Секоја положба на спиење си има свои придобивки, а постои и положба што може да ја намали можноста за појава на киселини.
Спиењето на левата страна ги намалува киселините бидејќи на овој начин киселините од желудникот не влегуваат во хранопроводот. Од друга страна, спиењето на десната страна може да ги влоши киселините.
Џвакајте гума за џвакање
И гумата за џвакање може да ви биде од помош ако имате киселини.
Бидејќи џвакањето го поттикнува лачењето плунка, ќе голтате почесто и постепено ќе се ослободите од киселините.
Само осигурете се дека ќе џвакате гума без шеќер за да не ги расипете забите.
Јадете побавно
Истражувањата покажале дека луѓето кои јадат брзо почесто се соочуваат со киселини.
Па, ако го имате овој проблем, пробајте да јадете побавно.
Немојте да трчате или да кревате тегови
Кога имате киселини избегнувајте да трчате бидејќи оваа активност создава притисок во абдоменот и со тоа може да ги влоши симптомите.
Поради динамичното движење на телото, киселините од желудникот полесно завршуваат во хранопроводот – уште една причина за влошување на симптомите.
Истото важи и за кревањето тегови.
Генерално, избегнувајте поинтензивна физичка активност кога имате киселини.
Спирова С. | Црнобело