Природен лек за главоболка – 4 чаеви кои ќе ви помогнат да се ослободите од неа

Овие 4 чаеви најверојатно ги имате веќе дома, а ако се соочувате со главоболка, кој било од нив би можел да ви помогне да се ослободите од симптомите. Подгответе топол пијалак и ослободете се од болката по природен пат (доколку не е нешто посериозно).

chetiri-chaevi-shto-kje-vi-pomognat-vednash-da-se-oslobodite-od-glavobolkata-01.jpg

Поради променливите временски услови имате чувство дека ќе ви „прсне“ главата? Се будите со главоболка што трае во текот на целиот ден? Овие 4 чаеви се познати по тоа што најбрзо ги олеснуваат симптомите од главоболка.

Доколку сте сигурни дека главоболката е предизвикана само од променливото време и немате никакви посериозни здравствени проблеми, симптомите можете да ги олесните со помош на филџан топол чај.

Чаевите може да ги консумирате како природен лек против главоболка, како во ситуациите кога се соочувате со силни мигрени, така и поради главоболките предизвикани од болките во синусите и од воспаленото грло.

Кои чаеви се познати по тоа што најбрзо го отстрануваат симптомите на главоболка?

Чај од камилица

Добро познато е дека чајот од камилица има смирувачки ефект. Овој чај може да ви помогне да го подобрите квалитетот на сонот. Камилицата има природно седативно дејство што ги намалува воспаленијата и ве прави поопуштени.

Чајот од камилица е одличен за да се справите со главоболка, а во случај на мигрена се препорачуваат и топли кесички чај на слепоочниците за олеснување на симптомите.

chetiri-chaevi-shto-kje-vi-pomognat-vednash-da-se-oslobodite-od-glavobolkata-02.jpg

Чај од ѓумбир

Чајот од свеж или сув корен од ѓумбир, како и чајот подготвен од ѓумбир во прав е познат по тоа што ги олеснува симптомите на главоболка и помага за ослободување од слободните радикали и токсини што може да предизвикаат повторна појава на главоболки.

Ѓумбирот има анти-воспалително дејство и ја подобрува циркулацијата, а по консултација со лекар може да го консумираат и лицата што страдаат од чести мигрени.

chetiri-chaevi-shto-kje-vi-pomognat-vednash-da-se-oslobodite-od-glavobolkata-03.jpg

Чај од нане

Иако се смета дека чајот од нане е најдобар доколку се соочувате со проблеми со стомакот и со варењето, тој исто така има позитивно влијание и доколку се соочувате со главоболки.

Мирисот на нането ви помага да се ослободите од стресот, а со тоа помага и за олеснување на главоболката. Се смета дека користењето есенцијални масла од нане може да помогне за ослободување од болката, а истиот ефект го има и чајот од нане.

chetiri-chaevi-shto-kje-vi-pomognat-vednash-da-se-oslobodite-od-glavobolkata-04.jpg

Зелен чај

Зелениот чај во минатото многу често бил користен за подобрување на концентрацијата, но и за олеснување на симптомите од главоболка.

Овој чај содржи кофеин, па ако се соочувате со главоболки предизвикани од недостаток на оваа супстанца во вашиот организам, тој е одлична замена за кафето.

Зелениот чај го зајакнува имунитетот на организмот, но мора да земете предвид дека поради големите количества кофеин, тој може да влијае на вашиот сон.

chetiri-chaevi-shto-kje-vi-pomognat-vednash-da-se-oslobodite-od-glavobolkata-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Ја регулира тежината, ја чисти кожата – Зошто треба да пиете вода со нане (и како да ја направите)? Нането има природни антибактериски својства, па може да го освежи здив...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)? Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg