3 невообичаени симптоми на анксиозност што треба да ги знаете
Ако честопати ги доживувате овие симптоми, една од работите на кои треба да се сомневате е анксиозност, особено доколку тие се придружени со некои од типичните симптоми на оваа состојба.
Киондра Џексон, лиценциран терапевт за ментално здравје, е еден од корисниците на социјалната мрежа ТикТок кои се обидуваат да ги едуцираат луѓето користејќи ја платформата, па често споделува совети и зборува за важни теми поврзани со менталното здравје.
Сепак, таа привлече најголемо внимание откривајќи ги помалку познатите симптоми на анксиозноста.
Како што објасни Џексон, постојат показатели за оваа состојба кои не се типични и можат да се класифицираат како невообичаени и ретки, а тие се:
1. Дигестивни проблеми: подригнување, желудочни киселини, гасови
2. Фантомски звуци во ушите: зуење, ѕвонење, чврчорење
3. Пецкање: на кожата, усните, очите
@kiaundrajackson_ Unusual Symptoms of Anxiety #unusual #strange #symptomsofanxiety #anxiety #anxietylife #anxietytikok #anxietywarning #anxietydisorder #anxious ♬ Steven Universe - L.Dre
Подоцна, во разговор за медиумите, таа истакнува дека за да некому во Америка му се дијагностицира анксиозност, треба да ги има симптомите наведени во „Дијагностички и статистички прирачник за ментални нарушувања“, кои вклучуваат чувство на вознемиреност, прекумерно размислување, проблеми со концентрацијата, раздразливост, стегање во градите, чувство на замор.
Списокот на овие симптоми не ги содржи трите горенаведени показатели кои Џексон ги нагласува, а таа истакнува дека не се типични симптоми врз основа на кои се дава дијагноза за анксиозност.
Ова се знаци на нарушување кои најчесто се појавуваат во комбинација со официјалните симптоми на анксиозност, а таа сака да го сврти вниманието кон нив бидејќи многумина не се свесни дека имаат некаков психички проблем.
Анксиозноста е еден од главните одбранбени механизми уште од праисторијата, но во денешно време често се јавува во секојдневниот живот, не само во кризни ситуации, туку честопати е и неоснована.
Кај анксиозните луѓе, мозокот толкува нешто како закана и испраќа сигнал преку симпатичкиот нервен систем до надбубрежните жлезди да лачи адреналин, кој го стимулира црниот дроб да го трансформира гликогенот во гликоза за да им обезбеди повеќе енергија на мускулите.
Потоа го забрзува срцето правејќи го телото подготвено за борба или бегство; ги шири крвните садови кои ги „хранат“ мускулите и ги стеснува оние кои влијаат на дигестивниот тракт, па на располагање ви стојат повеќе сила и енергија.
Како одговор на анксиозноста поради секојдневните животни ситуации може да се појави долготраен стрес, кој дополнително може да предизвика голем број здравствени проблеми, вклучувајќи респираторни и гастроинтестинални нарушувања, нарушен имунолошки систем, дебелина, проблеми со срцето и слично.
(О)Милена | Црнобело