9 знаци со кои телото ви вели да се погрижите за вашето здравје
Опаѓање на веѓите
Кај повеќето луѓе веѓите стануваат ретки со возраста, но нивното ненадејно опаѓање може да биде знак за проблеми со тироидната жлезда, хипертироидизам - хиперактивни жлезди, или хипотироидизам - намалена функција на тироидната жлезда. Ваквите промени се поврзани со губењето на косата.
Црвени дланки
Вжештените и црвените дланки можат да бидат предизвикани од дерматитис, егзема или алергиски реакции на метали, лекови, храна или пијалак. Но, тоа може да биде и знак за напорна работа и заболување на црниот дроб.
Не треба да бидете загрижени секојпат кога ќе забележите дека дланките ви се црвени, но ако црвенилото не поминува и по ден-два, најдобро е да се консултирате со лекар.
Промени во ноктите
Ноктите можат да откријат многу за состојбата на вашето тело, а причините за промените можат да бидат различни. Најчесто причината е недоволно цинк и калциум во организмот.
Студени стапала
Стапалата се најоддалечениот дел од телото од срцето и затоа на нив најпрво се манифестираат васкуларните заболувања. Обично студените стапала, но и дланки, можат да укажуваат на слаба циркулација. Сепак, имајте на ум дека ако целиот живот имате студени стапала, веројтно не станува збор за ништо сериозно.
Црвени образи
Иако ненадејните промени на лицето се вообичаени кај жените на возраст меѓу 30 и 55 години и може да бидат предизвикани од хормонални или температурни промени и зачинета храна, зацрвенетите образи може да укажуваат и на розацеа - кожна болест која ги погодува повеќето жени.
Не секоја од овие промени во телото е знак за нешто сериозно - разните здравствени состојби предизвикуваат разни симптоми и само вашиот лекар може да ви каже за што точно станува збор. Што значи, нема потреба да паничите ако забележите нешто од овие симптоми и знаци, а ако траат подолго од неколку денови, консултацијата со лекар е најдобриот избор.
Мила М. | Црнобело