7 здравствени придобивки од чајот од камилица
Чајот од камилица го подобрува квалитетот на сонот, а според некои експерти може да ви помогне да се смирите во стресни ситуации.
Чајот од камилица со векови се користи како народен лек за разни проблеми со здравјето – од киселини и лоша дигестија, па сè до настинка.
Иако овој чај не може да замени терапија препишана од лекар кога станува збор за посериозни заболувања, од редовното консумирање сепак има некои придобивки кои не се занемарливи.
Кои се најголемите здравствени придобивки од чајот од камилица?
Ги намалува менструалните болки
Чајот од камилица може да ги намали болките во стомакот кои се резултат на менструација.
Истражувањата покажале дека камилицата може да ги ублажи и другите симптоми поврзани со месечниот циклус.
Добар е за срцето
Антиоксидантите во чајот од камилица ги штитат клетките во крвните садови, со тоа подобрувајќи го здравјето на срцето.
Камилицата содржи антиоксиданти познати како флавоноиди кои се наоѓаат и во многу овошки и зеленчуци.
Експертите веруваат дека овие антиоксиданти можат да го намалат ризикот од смрт поврзана со проблеми со срцето кај постари мажи.
Го подобрува квалитетот на сонот
Ова е една од најпознатите придобивки од чајот од камилица. Истражувањата покажале дека чајот од камилица го подобрува квалитетот на сонот, посебно кај постарите лица.
Според некои експерти, камилицата има својства и како седатив, но потребни се дополнителни истражувања за да се потврди ова.
Ја подобрува дигестијата
Со векови, чајот од камилица се користи како народен лек за проблеми со стомакот и дигестијата.
Наводно, за ова својство се одговорни истите состојки што ги намалуваат менструалните болки и ПМС симптомите.
Чајот од камилица ја подобрува дигестијата и може да ги намали киселините.
Ги намалува стресот и анксиозноста
Веќе спомнавме дека според некои експерти, чајот од камилица може да делува и како многу благ седатив, а со тоа да ги намали стресот и анксиозноста.
Важно е да знаете дека чајот од камилица не може да ја замени терапијата од вашиот психијатар, туку можете да го користите како додаток.
Ги ублажува симптомите на настинка
Чајот од камилица неретко се користи и како народен лек против настинка, а некои истражувања покажале дека може да ги ублажи симптомите.
Сепак, ако имате температура и се чувствувате лошо, немојте да се лекувате само со чај, туку консултирајте се и со лекар.
Го намалува нивото на шеќер во крвта
Според истражувањата, пиењето чај од камилица може да помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта.
Спирова С. | Црнобело