План за поубаво тело
Сакате големи мускули? За да дојдете до нив, треба да поминете неколку скалила, ама не со прескокнување. На прво место е мотивацијата.
На самиот почеток расчистете со честите и непотребни изговори. Потоа, потребен ви е добар план за вежбање, корекција во начинот на исхрана и квалитетен повеќечасовен сон.
Од поминувањето во поинаков начин на живот ќе имате повеќекратн корист.
Оние кои што имаат проблем со мотивацијата често го користат недостатокот на време како предизвик. Не ретко се впуштаат и во скап потфат претворајќи ја едната просторија во својот дом во лична фитнес сала.
Многу поконструктивно е да се побара фитнес клуб во соседството, блиску до местото на живеење. Еден час од вашето време, колку е неопходно за квалитетен тренинг, би потрошиле за менување на ТВ каналите, телефонски разговори, СМС допишувања...
Време секогаш ќе се најде, доколку постои воља за тоа. Опсесијата за брзи резултати е одлика на сите вежбачи кои всушност не го сакаат тоа што го прават и во теретана одат само поради постигнубвање на добар изглед.
Немојте да се залажувате, ако го постигнете тоа што го сакате и потоа престанете да спортувате, тоа нема да остане такво. Покрај тоа, реаултатите често и не ги забележуваме.
Затоа мерете се, така ќе имате прецизни податоци. Измерете го струкот, колковите, градите и така секој месец.
На вашето тело му е потребна енергија. Особено внимание посветете му на внесувањето на белковини, јаглени хидрати и маснотии.
Секако и сонот има мног важна улога. За оние што вежбаат, сонот има огромна улога. Најдете време да се одморите во текот на денот, бидејќи на телото по вежбање му е потребен одмор. Во спротивно, нема да има резултати.
На телото му требаат речиси 72 часа за потполно да се опорави.