Што се случува во вашето тело кога сте ненаспани - последици по една ноќ и еден месец без сон

По првата ноќ ќе забележите променливо расположение, по една недела ќе имате проблеми со перципирање на реалноста, а по еден месец можно е да се јават и халуцинации.

strashnite-posledici-od-nedovolnoto-spienje-po-edna-nokj-edna-nedela-i-eden-mesec-01.jpg

Постојано слушаме колку е важен сонот, но изгледа многумина не го сфаќаат ова доволно сериозно. Недостатокот од сон нема да ве направи само уморни, туку дефинитивно ќе предизвика цела низа проблеми со здравјето – и физичкото, и менталното.

Последиците од недоволното спиење се чувствуваат уште по само една ноќ, па замислете што се случува кога ја игнорирате потребата за сон цел месец.

Страшните последици по една ноќ, една недела и еден месец недоволно спиење:

По една ноќ

По само една ноќ недоволно спиење, вашиот ментален перформанс се намалува и ќе се чувствувате многу уморно.

Ќе забележите и:

  • Отечени очи
  • Сонливост
  • Побавни реакции бидејќи мозокот не работи со полна сила, како и проблеми со концентрација
  • Нагли промени на расположението
  • Кардиоваскуларните проблеми можат да се влошат кај луѓето кои ги имаат

strashnite-posledici-od-nedovolnoto-spienje-po-edna-nokj-edna-nedela-i-eden-mesec-02.jpg

По три дена без сон

Некои луѓе ќе се чувствуваат колку-толку добро по три ноќи недоволно спиење, но повеќето ќе почнат да чувствуваат посериозни последици, како:

  • Екстремен замор и поголеми проблеми со концентрацијата. Извршувањето на секоја обврска може да стане особено тешко
  • Побледа кожа
  • Проблеми со видот, како замаглување
  • Параноја, па дури и депресија поради негативното влијание врз вашата перцепција
  • Деперсонализација – чувство на губење на личниот идентитет – како и збунетост

strashnite-posledici-od-nedovolnoto-spienje-po-edna-nokj-edna-nedela-i-eden-mesec-03.jpg

По една недела

Сонот е неопходен за секое човечко суштество, па по една недела сите ќе ги почувствуваат негативните последици:

  • Ќе изгледате уморно, кожата ќе ви изгледа посува, а можете да делувате и како да сте болни
  • Ќе страда и менталното здравје, а на мигови можно е да имате проблеми и со перципирање на реалноста
  • Можно е да се влошат симптомите на хроничните болести поврзани со возраста доколку ги имате
  • Се зголемува ризикот од дијабетес, особено ако сте склони кон болеста поради генетика, лоши животни навики и слично

strashnite-posledici-od-nedovolnoto-spienje-po-edna-nokj-edna-nedela-i-eden-mesec-04.jpg

По еден месец

Никогаш не смеете да си дозволите да дојдете до ваква ситуација. По цел месец недоволно спиење, ќе ви биде тешко да ги извршите и наједноставните обврски.

Ќе забележите и цела низа проблеми со здравјето, како:

  • Искривена перцепција, па дури и халуцинации
  • Зголемено ниво на стрес, панични напади и многу нагли промени на расположението
  • Бидејќи имунитетот е ослабнат, голема е веројатноста да се соочите со настинки и секакви болести
  • Може да се јави и хормонална нерамнотежа која кај жените може да се карактеризира со промени во циклусот како доцнење
  • Проблеми со дигестивниот систем кои можат да предизвикаат констипација

strashnite-posledici-od-nedovolnoto-spienje-po-edna-nokj-edna-nedela-i-eden-mesec-05.jpg

Како да познаете дали имате хроничен проблем со спиење?

Ако не спиете доволно бидејќи си легнувате многу доцна или, едноставно, не наоѓате време за тоа, лесно е да го решите овој проблем.

Но, ако секоја вечер или повеќето вечери не можете да заспиете по еден, па и повеќе часа откако сте си легнале, можно е да станува збор за хроничен проблем.

Истото важи и ако се будите често во текот на ноќта, поради што не можете да отспиете доволно.

Обрнете внимание колку ноќи во текот на месецот сте имале проблеми со спиење.

6-7 ноќи значат дека имате повремени проблеми со спиењето, но ако се повеќе, задолжително консултирајте се со лекар бидејќи тогаш најверојатно имате хроничен проблем.

Добро би било да се консултирате со лекар и за повремените проблеми.

strashnite-posledici-od-nedovolnoto-spienje-po-edna-nokj-edna-nedela-i-eden-mesec-06.jpg

Како да го подобрите квалитетот на сонот?

Експертите тврдат дека на возрасните луѓе им се потребни помеѓу 7 и 9 часа сон. Во зависност од вашиот организам, можеби ќе ви бидат доволни и 6, но немојте да спиете помалку од тоа.

Покрај часовите, многу е важен и квалитетот на вашиот сон кој зависи од неколку фактори.

За да го подобрите, само следете ги следниве совети:

Направете распоред за спиење и држете се до него – секоја вечер легнувајте си во исто време, а секое утро будете се во исто време.

Обрнете внимание на ноќната рутина – не користете уреди со екрани еден час пред спиење, релаксирајте се и слично.

Направете промени во животните навики – хранете се поздраво, вежбајте, избегнувајте алкохол пред спиење.

Приспособете ја спалната соба – осигурете се дека навечер собата е темна, ако живеете на бучно место и тоа ви пречи - купете си тампони за уши, обрнете внимание на температурата на собата (да не биде многу ладна или топла).

strashnite-posledici-od-nedovolnoto-spienje-po-edna-nokj-edna-nedela-i-eden-mesec-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg