Подобро тело за 7 дена
Мали трикови на нутриционистите, стилистите и козметичарите може да ви помогнат без мака да заблескате на плажа. И самата помисла да се...
...појавите сега во костим за капење ви ја крева косата нагоре.
Ако сте од оние кои не се задоволни со изгледот на своето тело, ова се неколку трикови кои ќе ви помогнат да ја зголемите самодовербата и првата појава во костим за капење летово да биде комплетно „безболна“.
1. Една недела пред одморот обидете се да се навикнете на нов режим на исхрана. Житарки за појадок, месо и салата за ручек и овошје за вечера. Постојано пијте голема количина на вода која ќе ја намали подуеноста на стомакот и ќе го направи рамен.
2. Веќе доцните, но започнете со интензивно вежбање. Еден час трчање во комбинација со 100 стомачни и чучњеви.
3. Инстант – тен побарајте во некои од препаратите за самопотемнување или минимално време во солариум.
4. Ако имате големи гради заборавете на микро костимите за капење. Потребен ви е цврст горен дел со жица.
5. Ако сте пополнички задолжително одберете целосен костим за капење.
6. Забрзајте го метаболизмот, помогнете му да ја разградува храната и да троши повеќе калории. Добар избор се грејпфрутот, јаболките, маслинките, семките од сончоглед, кромидот, боровинките...
7. Одвојте време и пари за третман кој ќе ве ослободи од вишок течности. Сауна, лимфна дренажа или антицелулитна масажа.