Млеко или масло за сончање?

mleko-ili-maslo-za-soncanje-povekjeМоре, плажа, капење и компелтно уживање – годишните одмори започнаа. Освен костим за капење и најдрагите папучи, неизоставен дел се и...


...кремите и маслото за сончање кое ве штитат од штетните сончеви зраци. Како исправно да одберете од палетата на бројните препарати?

Како штити кремата и маслото за сончање?

mleko-ili-maslo-za-soncanje

Заштита од UV зраците овозможуваат UV филтерите. Тоа се состојки кои апсорбираат или одбиваат и на тој начин ја штитат кожата од продирање на зраците во подлабоките слоеви. UV филтерот е заштитен фактор кој ни кажува колку време може да се изложуваме на сонце, а да не дојде до оштетување на кожата.

Разликуваме два заштитни фактори:

  • SPF (Sun Protection Factor) или UV B заштитен фактор кој штити од изгореници од сонце, и
  • PFA (Protection Factor UVA) или UV A кој штити од оштетувања на кожата кои ги предизвикуваат UV A зраците (стареење на кожата, бори, малигни болести).

Квалитетно заштитно средство овозможува заштита и од UVA и UVB зраците. Треба да биде водоотпорно т.е. тестирано на чувствителна кожа за да се намали можноста од алергиски реакции. Се препорачува внимателно читање на декларацијата на производите.

Бирајте заштитен фактор во зависност од типот на кожата

Освен што треба да ве заштитат, треба и да одговараат на вашиот тип на кожа и временските услови.

  • За светла кожа се препорачува минимум SPF 30 како и за чувствителна детска кожа, која дополнително треба да се заштити со облека.
  • За потемна и помалку осетлива кожа SPF 20, а за природно темен тен доволен е SPF 15.

Ако сакате природна заштита бирајте производи без нано честички и минерални филтери. Минералните филтери се благи затоа што не се впиваат во неа, го штитат епидермисот и не ја надразнуваат кожата.

Што да одберете?

Млекото повеќе негува, а лосионот хидратизира. Маслото се состои од растопени UV филтери. И понатаму преовладуваат млека кои се соодветни за сите типови кожа и нудат поголем избор на заштитни фактори.

Важно е исправно нанесување

Без разлика дали користите млеко, лосион или масло за сончање, важно е  правилно да ги нанесете. Не ги заборавајте чувствителните делови на лицето, ушите, предниот дел на вратот, деколтето, страничниот дел на ребрата, задната страна на колената и горниот дел од стапалата.

После секое капење задолжително нанесете нов заштитен слој.

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Дел од најсмртоносните видови рак (и зошто е тешко да се излечат) Ракот на панкреас е еден од најсмртоносните, најмногу бидејќи не покажува симпто...
Зошто докторите најчесто препорачуваат терапии со инхалација + корисни работи што треба да ги знаете Во минатото, за инхалирање се користеше тенџере со топла вода, а понекогаш внатр...
Лимон наместо антиперспирант - Нов бизарен ТикТок тренд (и зошто е опасен) Според дерматолозите, лимонот може да ја иритира нежната кожа под пазувите, но д...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Три симптоми за време на менструација кои не треба да ги игнорирате, според докторка „Ако имате вртоглавица за време на менструација, можно е да губите многу крв и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg