8 фрази кои не треба да им се кажуваат на депресивни луѓе

Поддржувањето на близок човек кој се бори со депресија може да биде сериозен предизвик.

10-frazi-koi-ne-se-kazuvaat-na-depresivni-lugje-001.jpg

Сепак, дури и кога имате најдобри намери, може да направите грешка и да упатите некој од овие 8 совети добронамерно, но може да имаат лош ефект.

Што треба да избегнувате да кажувате?

„Депресијата не постои.“

Ова не е никаква утеха, туку само негирање. Депресијата е сериозна здравствена состојба која може да влијае на сите аспекти од животот и нејзиното негирање нема да ги подобри работите.

„Само издржи, ќе помине.“

Луѓето не сакаат да бидат депресивни, па тоа што ќе им кажете да издржат, никако не им ја подобрува состојбата.

„Дали имаш ментално нарушување?“

Повторно, навреда. Менталното нарушување не е исто што и депресијата, но тоа не значи дека депресијата е помалку „моќна.“

„Знам како се чувствуваш.“

Во ред е да го кажете само ако вистина сте имале дијагностицирана депресија. Во спротивно, немојте.

„Сите имаме лоши денови.“

Депресијата не е лош ден, недела, месец...

„Не можеш ти да бидеш во депресија – има толку многу луѓе кои живеат полошо од тебе.“

Споредбата не помага никому.

„Сите работи доаѓаат од твојата глава.“

Точно е и сите се свесни за тоа, но нема потреба да го истакнувате.

„Погледни колку си среќен/на!“

Повторно – депресијата е ментална состојба. И среќните луѓе не се имуни на тоа.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Како се пренесува птичјиот грип и колку е опасен за луѓето? Птичјиот грип е болест која е присутна кај птиците, но може да се пренесе и на л...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg