8 знаци кои ви откриваат дека можеби треба да побарате помош од психотерапевт
Стручните лица тврдат дека оние на кои најмногу им треба помош за решавање на психичките проблеми, најретко посегнуваат по неа.
И додека кај нас по малку до ден денес е табу да се работи со психијатар, сепак приоритет треба да има менталното здравје, отколку што ќе кажат другите.
Ова се 8 предупредувачки знаци преку кои телото само ви бара помош од професионалец:
1. Сите работи кои ги чувствувате се интензивни
Сите понекогаш сме лути и тажни, но колку често и интензивно тоа се случува? Ако ви пречи на секојдневното функционирање – време е за помош.
2. Сте преживеале траума и не можете да престанете да мислите на неа
Тоа може да биде смрт на близок член во семејството или раскинување со партнерот. Обично мислиме дека овие работи поминуваат со тек на време, но ако и после година дена мислите на траумата – ви треба помош да ја пребродите траумата.
3. Имате необјасниви главоболки, нагони за повраќање и имунитетот ви е низок
Кога сме психички вознемирени подолго време, телото ни испраќа физички сигнали дека нешто не е во ред. Па, сите здравствени проблеми кои немаат соодветно објаснување, можеби се последица од проблемите во главата.
4. Почнавте да злоупотребувате нешто, како би се носеле со ситуацијата
Тоа може да биде злоупотреба на алкохолот, храната или трошење на големи суми на пари.
5. На работа сте непродуктивни и почесто грешите
Ако до пред извесно време бевте квалитетен кадар и тоа се промени преку ноќ, тогаш вреди да поработите со професионалец и да откриете каде е проблемот.
6. Се исклучувате од активностите во кои порано уживавте
Ако ниту малку не ве радува одењето на кафе со друштво или викендите надвор од градот, тогаш може да се работи за еден показател дека ви треба помош.
7. Врските во животот ви станаа затегнати
Ако не можете да поразговарате со саканите и ја изгубивте близината со повеќето луѓе во животот, време е да поработите на тоа.
8. Пријателите отворено ви кажуваат дека се загрижени
Понекогаш другите луѓе подобро го гледаат она што ние не можеме.
М. Д. | Црнобело