Дали премногу пиете?
Колку пати ви се случило по некоја пијанка ништо да не се сеќавате? Дали потајно пиете? Дали првите пијалоци ги пиете набрзина, по што чувствувате...
...потреба да продолжите со „долевањето“?
Ако одговорите на овие прашања се потврдни, веројатно имате проблем кој се детектира како ваша желба да најдете добар изговор за нешто да се напиете.
Доколку згора на тоа и агресивно се однесуавте во алкохолизирана состојба и имате зад себе неколку безуспешни обиди да прекинете со пиењето, време е да си наметнете построги правила за конзумирање алкохол.
Сакале вие да признаете или не, неумерената количина на алкохол делува на семејниот, љубовниот и деловниот живот, а прашање е колку ќе ве толерираат пријателите ако почнувате со пиење од рано наутро.
Ќе знаете дека имате проблем ако забележите пад на концентрацијата, или тресење на рацете додека ја држите чашата со омилениот алкохолен пијалок.
Границата помеѓу оној што повремено конзумира алкохол и хроничниот алкохоличар е многу тенка и многу лесно може да се помине, а за тоа и да не сте свесни.
Личноста што редовно конзумира алкохол се смета дека „има тренинг“ и има чувство дека добро го поднесува и дека се држи под контрола.
Тоа е вистина кога се работи за функционирањето на мозокот, но не и кога е во прашање црниот дроб, него алкохолот полека, но сигурно го уништува.
За жал не постои анализа која прецизно ќе утврди дали таа опасна граница е помината, но постојат методи за автодетекција кои бараат да бидете искрени кон себе и своите навики.
За почеток, ако забележите дека се намалила количината на алкохол која можете да ја поднесете, знајте дека тоа е сигурен сигнал кој ви порачува дека треба да ги смените своите навики.
Последната фаза е кога во друштво ќе почнете да ги избегнувате алузиите на алкохол – тоа веќе бара сериозно одвикнување од пијалок.