Докторки одговараат на најчестите прашања за бременоста и плодноста

Дали крвната група има влијание врз шансите за бременост?

Не, крвната група не влијае врз шансите за бременост. Но, проверете ја крвната група со партнерот пред да почнете да се обидувате да добиете дете. Бидејќи, ако вие имате негативна, а тој позитивна група, веројатно ќе треба да ви дадат лек за време на бременоста и кратко по породувањето.

Дали долгото користење контрацепциски пилули може да ја намали плодноста кај жените?

Еден од најчестите митови е дека овие пилули ја намалуваат плодноста кај жените, па дури и дека ги прават неплодни. Нема апсолутно никаков доказ што го потврдува ова.

Митот е толку популарен бидејќи обично пилулите ги „маскираат“ проблемите со плодноста, како недостаток од овулација – жената нема да биде свесна дека го имала овој проблем сè додека не престане да ги пие пилулите.

Обично жените кои користеле пилули имаат исти шанси за бременост како и жени кои користеле други средства за контрацепција. Кај повеќето жени, менструацијата се враќа во нормала 1-2 месеци по прекинувањето на контрацепцијата. Во многу поретки случаи, потребни и се до 6 месеци. Ако менструацијата не се нормализира повеќе од 6 месеци по прекинот на контрацепцијата, одете на гинеколог.

doktorki-odgovaraat-na-najchestite-prashanja-za-bremenosta-i-plodnosta-03.JPG

Можам ли јас (25 години) да направам што било за да ја подобрам плодноста за во иднина?

Најважно е да водите генерално здрав живот. За почетокот, хранете се здраво и почнете да вежбате.

Ако имате здравствени проблеми, одете на лекар. Избегнувајте штетни навики како пушење или пиење многу алкохол.

Колкаво влијание има телесната тежина врз асистираното оплодување?

Околу 12% од жените кои имаат проблеми со плодноста имаат и проблем со вишокот килограми.

Преголемата или премалата тежина можат да влијаат врз плодноста. Естрогенот е клучен хормон во овој случај, а тој се складира во масните клетки.

Жените со вишок килограми имаат повеќе масни клетки, а вишокот естроген може да делува како контрацепција. Жените со многу мала телесна тежина не можат да произведат доволно естроген, па целиот хормонален процес може да се наруши.

Дури и кога станува збор за асистирано оплодување, многу е важно нивото на естроген во телото.

doktorki-odgovaraat-na-najchestite-prashanja-za-bremenosta-i-plodnosta-04.JPG

Ако имате какви било прашања или проблеми во врска со бременоста и плодноста, секогаш консултирајте се со гинеколог и не правете ништо на своја рака. Само стручно лице може да ви каже што е добро за вас, а што не.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат? Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во др...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg