Како на високи штикли?
Признале или не, штиклите се оние кои ја прават ногата да изгледа визуелно издолжена и привлечна. Без оглед на добрите и лошите страни, најважно...
...е да знаете како да се движите на штикли. Неправилното носење освен што не изгледа убаво, може сериозно да наштети на здравјето – да предизвика грчеви и да болки во мускулите на листовите.
Ова се неколку совети како да се справите со високите штикли:
1. Стапалото нека ви седне удобно во чевлата. Носењето на преголеми или премали чевли подолго време никако не се препорачува.
2. Стапалата понекогаш отекуваат, затоа пред првото подолго носење на штикли, облеете тенки чорапи и одете низ дома за да ги разгазите.
3. Купете силиконски додатоци за поголема удобност и цврсто држење.
4. Повремено протегнете ги листовите од нозете. Што почесто – тоа подобро.
5. Носете чевли со отворени прсти за да го намалите притисокот кој го трпат вашите ножни прсти.