Кои се последиците од стрес?

koi-se-posledicite-od-stres-povekjeКога сте под стрес, телото реагира како да сте во опасност. Хормоните ја забрзуваат работата на вашето срце и ве тераат да дишете побргу, давајќи ви повеќе енергија.


Стресот понекогаш може да биде нормален, па дури и корисен: тој помага кога треба напорно да се работи и бргу да се реагира. На пример, може да ви помогне да победите во трката или да завршите важна работа на време.

Но, ако стресот се јавува често, или пак трае премногу долго, може да има лоши последици за организмот.

Стресот може да го ослаби имуниот систем, при што телото отежнато се бори против болестите. За оние кои веќе имаат здравствени проблеми, стресот може да ги влоши работите.

Може да ве направи нервозни, напнати и депресивни. Луѓето под стрес често имаат проблем со партнерот, луѓето во непосредното опкружување, на работа или на училиште.

koi-se-posledicite-od-stres

Како делува стресот на телото?

Вообичаени симптоми на стресот:

  • Забрзана работа на срцето
  • Забрзано дишење
  • Главоболка
  • Вкочанет врат
  • Болка и вкочанетост во рамениците
  • Болка во грбот
  • Зголемено потење
  • Потење на дланките
  • Проблеми со стомакот
  • Мачнина и пролив
  • Проблеми со спиењето

Што можете да направите против стресот?

Можете да научите начини за управување со стресот:

  • Дознајте ја причината за стресот
  • Побарајте начин за да го намалите стресот
  • Научете начини да се ослободите од стресот или да ги намалите штетните ефекти

Би можело да ве интересира:

Астма кај деца: Симптоми, препознавање и лекување За некои деца, астмата е мала непријатност, за други таа може да ги ограничи сек...
ПМС или бременост: Како да ги разликувате симптомите? Променливото расположение и зголемената чувствителност на градите се симптоми св...
Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...
Како да се заштите од уринарни инфекции кога пливате во базен? Само еден пливач може да внесе милијарди микроби, вклучително и фекални честички...
Симптоми кои укажуваат на тромб во ногата (и не треба да ги игнорирате) Прекумерната тежина, како и долгото седење го зголемуваат ризикот од тромб на но...
Аденовирус кај деца: Како се пренесува, кои се симптомите и како се третира? Инфекцијата со аденовирус може да се појави кај дете на која било возраст. Децат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg