Неколку причини зошто постојанo сте уморни, дури и кога спиете доволно
Нетолеранција на храна, спиење повеќе од 9 часа навечер, проблеми со тироидната жлезда - постојат многу причини зошто се чувствувате уморно дури и кога сметате дека спиете доволно.
Многу луѓе можат да се пожалат дека постојано се чувствуваат уморно, дури и кога спијат доволно. Ако и вие спаѓате во оваа категорија, сигурно ве интересира која е причината за вашиот постојан замор.
Покрај очигледната причина – недоволно спиење – постојат и други работи кои можат да се чувствувате уморно, вклучувајќи и неколку здравствени проблеми.
Ако се сомневате дека станува збор за проблем со здравјето, тогаш најдобро е да се консултирате со лекар кој ќе ви помогне да најдете решение.
А, во продолжение погледнете некои од можните причини за постојаниот замор:
Спиете премногу за време на викенд
Можеби мислите дека викендот е одлично време да се доспиете, но со ова можете да си наштетите. Нашето тело е навикнато на рутина, па кога пет дена станувате рано, а потоа два дена спиете до пладне, голема е веројатноста да се чувствувате изморено. Наместо да се доспивате за викенд, обидете се да си легнувате порано во текот на целата недела.
Сосема во ред е да поспиете час-два повеќе за викендите, но не дозволувајте да спиете до многу доцна и обидете се да следите приближно ист распоред на спиење и во работните денови, и за време на викенд.
Имате анемија
Кај луѓето со анемија крвта не го разнесува кислородот до сите делови на телото, а најчестата причина за нејзината појава е недостатокот од железо.
Ако одеднаш сте почнале да чувствувате екстремен замор, заедно со испрекинато дишење, вртоглавица, па и главоболка, најдобро одете на лекар за да си ја проверите крвта.
Имате нарушување кое предизвикува хронична болка
Хроничната болка може да има негативно влијание врз квалитетот на сонот и да не му дозволи на телото да заспие и да се одмори како што треба.
Последица од ова е, се разбира, постојаното чувство на замор.
Проблеми со тироидната жлезда
Хипотироидизмот – состојба каде што тироидната жлезда не е активна колку што треба – може да предизвика цела низа симптоми, вклучувајќи и летаргија и замор.
Кога тироидната жлезда не е доволно активна, таа не произведува одредени важни хормони и го забавува метаболизмот. Ова, пак, може да ве направи летаргични.
Покрај замор, со хипотироидизам можно е да чувствувате и депресија, болки и слабост во мускулите, чувствителност на ладно, конспирација…
И во овој случај, консултацијата со лекар е најдоброто решение.
Имате недијагностицирана депресија
Депресијата не е само тага и негативни мисли – ова нарушување може да предизвика и екстремен замор. Покрај тоа, депресијата може да има лошо влијание врз квалитетот на сонот, а ова е уште една причина да бидете изморени.