Често консумирање бобинки и уште 4 навики што ги пожолтуваат забите

Иако сите сонуваме за блескава холивудска насмевка, неретко нашите животни навики не ни го дозволуваат тоа.

chesto-konsumiranje-bobinki-i-ushte-4-naviki-shto-gi-pozholtuvaat-zabite-01.jpg

Веројатно знаете дека честото консумирање кафе, сокови со темна боја и пушењето цигари можат да ги пожолтат забите, но постојат и други нешта кои можат да бидат причина за ова.

Во продолжение погледнете кои навики можеби се причина за вашите пожолтени заби:

Често консумирање бобинки

Бобинките се одлични за здравјето, но ако ги консумирате многу често, можат да направат дамки на вашите заби или да ги пожолтат.

Исклучок се јаготките кои всушност го имаат спротивниот ефект – не ги оштетуваат, па дури можат и да ги избелат забите.

chesto-konsumiranje-bobinki-i-ushte-4-naviki-shto-gi-pozholtuvaat-zabite-02.jpg

Пливање во базен

Ако редовно пливате во базен, можеби сте забележале дека забите ви станале пожолти. Причината за ова е хлорот во базените. Ако сметате дека забите ви се пожолтени од ова, најдобро е да се консултирате со заболекар.

Важно е да знаете дека хлорот кој се користи во водата за пиење го нема истиот ефект.

chesto-konsumiranje-bobinki-i-ushte-4-naviki-shto-gi-pozholtuvaat-zabite-03.jpg

Користите многу стара четка за заби

Ако вашата четка е многу стара, нема да можете добро да ги исчеткате забите, па поради остатоците од храна, со текот на времето тие ќе пожолтат.

Затоа не заборавајте да ја менувате четката барем на секои 3-4 месеци, или кога ќе забележите дека влакната почнале да ја губат првобитната форма.

chesto-konsumiranje-bobinki-i-ushte-4-naviki-shto-gi-pozholtuvaat-zabite-04.jpg

Одредени зачини

Зачините со посилна боја, како куркума или кари, можат да ги пожолтат забите ако ги користите многу често.

chesto-konsumiranje-bobinki-i-ushte-4-naviki-shto-gi-pozholtuvaat-zabite-05.jpg

Стрес

Ако сте изложени на многу стрес, голема е веројатноста да ги триете забите – појава позната како бруксизам. Ова триење го оштетува емајлот, па забите можат да станат пожолти и покршливи. Во овој случај добро би било да се консултирате со заболекар.

chesto-konsumiranje-bobinki-i-ushte-4-naviki-shto-gi-pozholtuvaat-zabite-06.jpg

Погледнете и За блескава насмевка: 7 начини да ги избелите забите во домашни услови

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg