За блескава насмевка: 7 начини да ги избелите забите во домашни услови

Сите посакуваме да имаме „холивудска“ насмевка која ќе блеска и ќе привлекува внимание.

za-bleskava-nasmevka-7-nachini-da-gi-izbelite-zabite-vo-domashni-uslovi-01.jpg

Но, ретко кој може да си дозволи често избелување на забите кај стоматолог.

Сепак, постојат неколку алтернативни начини со кои забите може да станат побели, во домашни услови.

Можеби нема да го има истиот ефект, но вреди да се проба.

Одберете еден и проверете дали и вашите заби ќе блеснат со бел сјај:

Активен јаглен

Ова е еден од најевтините и наједноставните методи. Доволно е да искршите една таблета, посипете врз четкичката за заби, потопете ја малку во вода и исчеткајте ги забите.

za-bleskava-nasmevka-7-nachini-da-gi-izbelite-zabite-vo-domashni-uslovi-0002.jpg

Млеко во прав и паста за заби

Употребата на млеко во прав не само што ќе ви ги побели забите, туку ќе ги направи и посилни. Ставете паста за заби на четка и одозгора истурете малку млеко во прав. Потоа најнормално исчеткајте ги забите.

za-bleskava-nasmevka-7-nachini-da-gi-izbelite-zabite-vo-domashni-uslovi-03.jpg

Сода бикарбона и сок од лимон

За овој метод на избелување, потребно е да посипете прстофат сода врз четката и потоа да исцедите неколку капки сок од лимон одозгора. Со оваа мешавина исчеткајте ги забите. Но запомнете, овој метод не треба да го користите повеќе од еднаш во неделата.

za-bleskava-nasmevka-7-nachini-da-gi-izbelite-zabite-vo-domashni-uslovi-04.jpg

Морска сол, сок од лимон и паста за заби

Во мал сад измешајте пола лажица морска сол и свежо исцеден сок од лимон со мала количина на паста за заби. Оваа мешавина оставете ја 1 минута на забите и потоа исплакнете ја устата.

za-bleskava-nasmevka-7-nachini-da-gi-izbelite-zabite-vo-domashni-uslovi-05.jpg

Сок од лимон и вода

Мешавина од еднаква количина на вода и сок од лимон не само што ќе ви ги избели забите, туку и ќе ја дезинфицира усната празнина.

za-bleskava-nasmevka-7-nachini-da-gi-izbelite-zabite-vo-domashni-uslovi-06.jpg

Јаболков оцет и вода

Разредете пола лажица оцет во 1 чаша вода. Со оваа мешавина можете да ја плакнете устата секое утро пред да ги измиете забите со четка и паста.

za-bleskava-nasmevka-7-nachini-da-gi-izbelite-zabite-vo-domashni-uslovi-07.jpg

Јагоди

Доволно е да направите каша само од 1 јагода и да ја искористите како паста за заби на четка.

za-bleskava-nasmevka-7-nachini-da-gi-izbelite-zabite-vo-domashni-uslovi-08.jpg


Запомнете:
Овие методи не треба да ги користите сите во исто време, не треба да ги правите секојдневно и не се обидувајте да ги избелите сами забите ако имате сериозни проблеми со нив.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Девојките масовно јадат сардини за почиста кожа – Колку е точно ова тврдење? Според девојките на социјалните мрежи, тајната на здравата и блескава кожа се кр...
Трикови за шминкање со кои визуелно ќе го намалите високото чело Ако сакате да го одвлечете вниманието од вашето чело, тогаш најдобриот трик е да...
Шминкерски трик за суптилен изглед на руменилото е хит на социјалните мрежи – Знаете ли што е „Dewy ... Овој трик ќе ви помогне да блескате однатре, според светски познатата шминкерка ...
8 трикови и совети со кои секогаш ќе мирисате беспрекорно (дури и без парфем) Не претерувајте со пиење кафе и обрнете внимание на исхраната. Што друго ќе ви п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg