Што треба секоја жена да направи веднаш после сексуалниот однос?

Сексот е индивидуална и многу интимна работа. Иако сите имаме различни потреби, по интимниот чин секоја жена треба да направи една работа. Сексот претставува чин низ чиј тек телото поминува низ бројни промени. Иако секој од нас има различни желби и потреби, телото речиси кај сите реагира на многу сличен начин.

Sto-treba-sekoja-zena-da-napravi-posle-sex-01.jpg

Една од тие реакции е потребата од уринирање после сексуалниот однос. Кај дел од жените може да биде многу силна, моментална и неодложна, додека кај други ваквата потреба се појавува после неколку минути. Оваа потреба никако не смеете да ја игнорирате.

Зошто имаме потреба од мокрење после секс?

Нашето тело претставува многу софистицирана „машина“ чијашто улога е максимално да нè заштити од потенцијалните опасности кои може да ни се случат. Една од тие опасности се крие во бактериите. Имено, во текот на сексуалниот однос, телото е изложено на многубројни бактерии кои може да се „скријат“ на места на коишто секако не сакаме да бидат вгнездени.

Докторот Невен Капун, специјалист по урологија, објаснува како воспалението на мочниот меур е директно поврзан со сексуалниот однос.

„За време на сексуалниот однос, бактериите се шират преку уретрата до мочниот меур, што кај жените може да доведе до акутно воспаление на уринарниот тракт. Со мокрење после секс, ние всушност го „чистиме“ или плакнеме уринарниот тракт од бактерии“, истакнува Капун според хрватските медиуми.

Токму поради ова, ако почувствувате силна потреба да уринирате после секс, одложете го галењето неколку минути и послушајте го вашето тело.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg