Заборавени сте, ви се јаде благо – Знаци дека предолго сте „залежани“
Разбирливо е понекогаш да сакате да си легнете штом се вратите од работа и да не правите апсолутно ништо со часови. Но, ако тоа го правите секој ден, си има трајни последици.
Овие знаци се први предупредувања од телото, дека е крајно време малку повеќе физички да се активирате.
1. Очите ви се потечени
Седечкиот начин на живот е една од главните причини за задржување на вода во телото. Потечените очи се јавуваат ако голем дел од денот сте во лежечка позиција, посебно ако постојано гледате во екран.
За овој проблем се препорачува да се практикува јога или растегнување, за мало раздвижување.
2. Заборавени сте и постојано нешто ви текнува предоцна
Ако често ви се чини дека мислата ви бега или постојатно нешто заборавате, може треба да размислите за повеќе движење во текот на денот.
Неактивниот начин на живот доведува и до неактивен мозок.
3. Ве болат нозете, посебно коските
Ако колениците или општо коските во нозете чувствувате дека ве заболуваат на секое станување и раздвижување, неопходни ви се благи вежби.
Ова чувство на болка во коските во нозете може да е сериозен почетен стадиум на артритис и остеопороза.
4. Константно ви се јаде благо
Телесната активност е совршен начин да ставите крај на желбата за благо. Движењето и вежбањето ја зголемува енергијата, без да посегнувате по непотребни шеќери.
М. Д. | Црнобело