Во која положба спиете?
Една третина од животот ја поминуваме спиејќи, а 95% од луѓето секоја вечер заспиваат во иста положба. Секоја од нив има свои добри и лоши страни.
Проверете кои се недостатоците и предностите на вашиот начин на спиење.
1. На грб
Помага за: артритис.
Ја влошува состојбата при: астма, рчење, срцеви проблеми.
2. На страна со исправени нозе
Помага за: проблеми со киселини.
Недостаток: појава на бори на онаа страна на лицето со која се потпирате на перницата.
3. Во прегратка
Помага за: намалување на стресот
Недостаток: може да предизвика болка во мускулите, вратот и зглобовите.
4. На стомак
Помага за: ублажување на ‘рчењето.
Предизвикува: трнење во рацете, чкрипење со забите.
5. Во положба на фетус
Помага за: болка во долниот дел од грбот.
Недостаток: може да предизвика болки во мускулите, вратот и зглобовите.
Размислете со кои делови од телото најчесто имате проблеми и прилагодете ги своите навики на спиењето. Соодветна перница и начин на спиење се клучни за вашето здравје.