Ги миете рацете со топла вода и уште 6 хигиенски навики кои се всушност погрешни
Плакнење на устата после миење заби, отстранување на влакната од носот, нанесување антиперспирант после туширање – се чини дека повеќето правиме многу грешки кога станува збор за личната хигиена.
Сите ги стекнуваме хигиенските навики уште од најрана возраст и генерално не ги менуваме многу во текот на животот. Односно, она што сме го научиле во детството, најверојатно ќе го применуваме целиот живот.
Нo знаевте ли дека многу хигиенска навики кои им се заеднички на голем број луѓе се всушност погрешни?
Погледнете ги хигиенските навики кои е најдобро да ги замените со нови:
Ја плакнете устата со вода откако ќе ги измиете забите
Ако сте како повеќето, откако ќе ги измиете забите со паста, веројатно ја плакнете устата со вода. Но, со ова го намалувате дејството на пастата бидејќи го отстранувате флуорот од устата кој, пак, е една од најважните состојки во пастата за заби.
Откако ќе завршите со четкање, само плукнете го вишокот паста и немојте да користите вода. На овој начин флуорот ќе остане на вашите заби и подобро ќе ги заштити.
Не ја чистите четката за коса
Сигурно ги вадите влакната од четката за коса, но морате редовно да ја чистете и со вода. На четката лесно се собираат бактериите од вашата коса, па осигурете се дека темелно ќе ја исчистите со вода и шампон или нешто слично, барем еднаш неделно.
Целосно ги отстранувате влакната од носот
Влакната на нашето тело постојат со причина и некои од нив е најдобро воопшто да не ги останувате. Иако ретко, некои луѓе ги отстрануваат влакната од носот, но ова е голема грешка. Овие влакна се како филтер во вашиот нос и заробуваат дел од прашината и ситните честички, со тоа спречувајќи го нивното навлегување во белите дробови.
Ако сметате дека влакната во носот ви се гледаат, тогаш само скратете ги, но никогаш не ги отстранувајте целосно.
Ги миете рацете со топла вода
Ако сакате водата да ги уништи бактериите, таа ќе треба да биде врела, односно со температура од околу 100 степени. Ова значи дека миењето со топла вода не е поефикасно од миењето раце со студена вода. Истовремено, топлата вода ја суши кожата, па подобро е да се миете со студена вода и сапун.
Предолга завеса за када
На завесата во бањата лесно се собираат бактерии и микроби, особено ако е предолга и се превиткува на подот. Затоа осигурете се дека долниот дел на завесата ќе биде неколку сантиметри над подот во бањата.
Нанесувате антиперспирант веднаш после туширање
Ако вашата кожа е уште влажна кога го нанесувате антиперспирантот, бидете сигурни дека ќе се намали неговата ефикасност. Подобро почекајте неколку минути да се исушите целосно, па нанесете го.
Истовремено, не нанесувајте антиперспиранти веднаш после бричење, бидејќи можете да ја иритирате кожата.
Ја чистите бањата со студена вода
Чистењето на бањата ќе биде многу поефикасно ако користите жешка вода. Најдобро е прво да ја наполните кадата со малку жешка вода, така што ќе се направи пареа во бањата, а потоа исчистете со средство. И самите ќе забележите дека на овој начин многу полесно ќе ги отстраните нечистотиите.
Спирова С. | Црнобело