Зошто секогаш треба да земете „слободен ден“ кога сте болни, дури и ако работите од дома?

Парадоксално, прескокнувањето на боледувањето може да доведе до губење на продуктивните работни денови.

zosto-sekogas-treba-da-zimate-sloboden-den-koga-ste-bolni-duri-i-ako-rabotite-od-doma-001.png

Ние како култура не се фокусираме доволно на самопомош, туку повеќе се фокусираме на завршување на работите. И тоа е погрешно.

Сериозно треба да размислиме на нормализирање на опоравувањето од настинката или болеста, додека не сме целосно оздравени - веруваме дека досега сите научија дека не е ниту пријатно да се појават на работа додека се со симптоми на настинка.

Независно за што се работи - настинка или друга болест, дали работите од канцеларија или од дома, важно е да научите дека треба да земете слободни денови од неколку причини:

1. Помалку сте продуктивни

Едноставно, отворениот лаптоп кога очите не ви гледаат нема да заврши никаква работа. Баш тогаш сигурно не сте подготвени да работите на обврските кои ги одложувавте кога бевте здрави и полни со енергија.

Кога сте болни, концентрацијата ви е на ниско ниво, па и резултатите ви се минимални, независно од времето кое го вложувате.

2. Траењето на болеста се продолжува

Сите знаеме дека стресот не е здрав. А, кога имате високо ниво на стрес и притоа сте настинати или болни, го уништувате имунолошкиот систем.

На телото во овој случај му треба двојно повеќе време, односно денови, за да закрепне, бидејќи не го добива одморот кој го бара.

3. Не сте добар пример

Грижата за себе е нешто на што ги учиме децата, па и повозрасните родители. На овој начин си го погазувате својот збор.

Покажувањето на блиските дека треба да работат додека се болни не е добар пример и е поставување на погрешни вредности и приоритети.

Дополнително, создавате несвесен притисок дека утре кога некој ваш колега или пријател ќе биде болен, нема право да биде „помалку силен“ од вас.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат? Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во др...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg