Едноставен водич за деликатни прашања – што означува бојата на вашиот менструален циклус?
Веројатно не сте првата девојка или жена која се извадила „од памет“ поради бојата на својот менструален циклус прашувајќи се дали нешто не е во ред.
Без паника, не секој менструален циклус од почетокот до крајот има јасно црвена боја. Впрочем, преку ова едноставно Инстаграм видео може да ја дознаете причина зад различните нијанси на циклусот:
Темнокафеава, па дури и црна боја – циклусот започнува или пак завршува, ткивото е постаро и реагирало со кислород.
Темноцрвена боја – исто како и претходното, со тоа што циклусот станува пообилен.
Силно црвена боја – циклусот е обилен, а крвта е „нова“, слузницата на матката брзо „се распаѓа“.
Светло (бледо) црвена или розеникава боја – лесно крвавење или мали точки со минимално излевање.
Згрутчување на крвта – крвта е во цврста или полуцврста состојба. Знак за многу обилен циклус.
Напомена: Доколку забележите нешто невообичаено за време на менструацијата, обратете се кај вашиот гинеколог.
(О)Милена | Црнобело