Дали може да претерате со витамини и кои се последиците?
Најдобра мерка е умереноста, а тоа важи и за земање на витамини и минерали и други додатоци за подобро здравје.
Дали можете да претерате со нивно консумирање и какви се последиците?
Во продолжение погледнете на што треба да внимавате, но секако пред консумирање советувајте се со вашиот лекар:
Омега-3 масни киселини
За овие здрави масти се знае дека го продолжуваат животот, но никако не се добри во големи количини. Ако претерате со препорачаната дневна доза, ја нарушуваат рамнотежата на имунитетот, па телото станува неспособно само да се бори со инфекциите и бактериите.
Витамин Ц
Витаминот кој сите го пиеме „за добро утро.“ Но, ако претерате со дозата може да си го нарушите варењето. Подуеноста, болките, гадењето и повраќањето се чести симптоми ако земете повеќе од 2.000mg дневно. Секако, дозата зависи од возраста и вашата здравствена состојба.
Цинк
Овој минерал го јакне имунитетот и го регулира метаболизмот, но ако претерате со негово внесување, може да си направите низа проблеми. Некои од нив се компликации со варењето, вртоглавици, главоболки, замор, потење, па дури и халуцинации.
Железо
Проблемите со ниско железо ги знаеме, но кои се нуспојавите ако претерате со високо количество? Во тој случај, железото се таложи во разни органи како срцето и црниот дроб. Внимавајте да не внесувате дневно повеќе од 45mg железо, но секако прво консултирајте се со вашиот лекар за сигурна доза, која е различна за секого.
Калциум
Калциумот во големи количини обично прво ги напаѓа бубрезите, а тоа не го сакате. Премногу калциум може да внесете и преку секојдневната исхрана, па затоа бидете внимателни.
Напомена: Ова се општи препораки, но секое тело функционира различно и се соочува со различни здравсвени состојби. Задолжително консултирајте се во вашиот лекар околу тоа дали и колку треба да биде вашата дневна доза на консумирање витамини и други додатоци.
М. Д. | Црнобело