Водич: Како најлесно да го „излечите“ мамурлакот од вино?
Кога сте расположени за чаша вино во домашна атмосфера, но некако случајно амбиентот и расположението ќе ве понесат, па ќе испиете повеќе од само една, следува прашањето – како утре да функционирам нормално?
фото: winefolly.com
Најчесто, непланираниот мамурлак го имаме од вино, па ова е мал водич како полесно да го преживеете денот потоа.
1. Разбудете се рано
Контрадикторно на она што го мислите, ова е клучно за брзо опоравување.
2. Вода, вода и само вода
Штом ќе станете, натерајте се да испиете барем 2 чаши вода.
Добро би било уште во текот на ноќта да навиете аларм и да се будите на секои 2 часа и да пиете по 150-200 ml вода.
Ако ви е тешко на стомакот, додадете 1 лажичка сода бикарбона во водата. На тој начин ќе го намалите чуството на гадење и нетрпеливоста на мириси и вкусови.
Избегнувајте кафе. Сварете си растителен чај.
3. Изџогирајте 10-15 минути
Односно, може и да пропешачите 30 минути. Важно е да го раздвижите телото за да ги исфрлите токсините.
4. Истуширајте се со млака вода
Не претерувајте со жешката вода, бидејќи тоа ќе има спротивен ефект, наместо расонување.
5. Избегнувајте мрсна храна
Наместо тоа, каснете овесна каша за појадок или некој протеински шејк. Ручајте салата или супа.
6. Наместете си мирна и продуктивна плејлиста
За полесно да го протуркате денот, ќе ви помогне мирната музика која нема да ве направи дополнително нервозни.
7. Дремнете во текот на денот
Но, не подолго од 15-20 минути.
М. Д. | Црнобело