5 ситуации во кои под итно треба да ја фрлите заштитната маска

Носењето на маски веќе ни е секојдневие, но тоа не значи дека истите немаат рок на траење.

6-situacii-vo-koi-treba-da-ja-frlite-zastitnata-maska-001.jpg

Постојат 5 ситуации во кои маската станува поопасна ако повторно ја ставите, отколку ако ја фрлите:

Ако се раширила или има видливи дупчиња

Ако има видливи дупчиња, оштетувања или некаде е растегната, маската веќе ја губи својата функција.

Ја допревте маската откако сте биле во контакт со потенцијално опасна површина

Ако сте допреле површина како корпа или количка во супермаркет или некоја квака, а потоа сте ја допреле маската, тогаш маската е веќе ризична.

Сте се грижеле за заразена личност

Ако некој член во семејството бил позитивен и сте биле во контакт со него додека носевте маска, најдобро е веднаш потоа да ја фрлите. 

Ја носевте маската кога имавте симптоми

Иако постојат докази дека корона вирусот може да преживее на површините само неколку дена, сепак е подобро да ја замените маската откако ќе заздравете од вирусот.

Маската не ви ги покрива правилно носот и устата

Како би се заштитиле себеси и другите луѓе, маската мора да ви ги покрива и носот и устата. Ако маската не одговара на вашето лице – тука нема компромис.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg