Медитација за почетници
Ако никогаш не сте медитирале, а имате желба и празен џеб, следете ги овие неколку совети кои ќе ви помогнат да ја направите медитацијата како што треба:
1. Пронајдете мирно место на кое никој нема да ве вознемирува. Ослободете го умот од сите грижи и стрес што се насобрале во текот на денот. Запалете миризливи стапчиња и свеќи. Еднаш кога сте создале пријатна атмосфера, седнете на перница и исправете се. Многу е важно во текот на медитацијата да ви биде пријатно, сепак, потрудете се да останете будни.
2. Затворете ги очите и длабоко вдишете на нос, фокусирајќи се на протокот на воздух. Издишете и ослободете ги насобраните тензии. Одморете неколку минути и фокусирајте се на повторување на оваа вежба сè додека во потполност не го прочистите својот ум.
3. Доколку во вашиот ум се појават мисли, немојте да се борите со нив. Затоа што тоа ќе резултира со појава на нови мисли и ќе ве доведат до размислување. Наместо тоа, обрнете внимание на чувството како воздухот поминува низ вашите бели дробови.
4. Со секое вдишување, вдишете повеќе одошто сакате, отпуштајќи ги негативните мисли или енергија со секое издишување. Совршенство се постигнува со вежбање, затоа повторувајте ја вежбата секојдневно. За опуштење ќе ви бидат доволни само 15 минути.