Храна која може да ви ги влоши симптомите на настинка и грип

Уште на првите знаци за настинка и грип сите посегнуваме по топлиот чај во кој додаваме лимон, цедиме портокали, внесуваме топла супа...

hrana-koja-moze-da-vi-gi-vlosi-simptomite-na-nastinka-i-grip-01.jpg

Но, дали сте знаеле дека некогаш храната која важи за здрава, всушносот во некои случаи може и да ви наштети кога сте болни?

Секако ова не значи дека оваа храна не е здрава и важно е да се напомене дека секое тело реагира различно на храната, па ако нешто од следнава листа кај вас нема лошо влијание, тогаш игнорирајте ја.

Кога имате грип, грозница или настинка, постои можност симптомите да ви се оддолжат од следниве јадења:

Спанаќ

Се смета дека спанаќот може да ги поттикнува воспалителните процеси и го влошува чувството на замор, кое е пропратно на симптомите при грип и настинка.

hrana-koja-mozhe-da-vi-gi-vloshi-simptomite-na-nastinka-i-grip-04.jpg

Ореви

Иако содржат многу хранливи состојки кои помагаат против инфекции, сепак воздржете се од грицкање ореви во почетната фаза на болеста, посебно ако се работи за грозница или пак стомачен вирус.

Богати се со маснотии кои телото ги согорува бавно и долго, па тоа ви ја одзема енергијата која ви е неопходна да се изборите со болеста.

hrana-koja-mozhe-da-vi-gi-vloshi-simptomite-na-nastinka-i-grip-03.jpg

Брокула

Витамините како А и Ц кои ги содржи се многу корисни за имунитетот, но за да не го иритирате телото дополнително и да му оставите простор да се избори успешно со инфекциите и воспаленијата, консумирајте храна која содржи помалку влакна и е полесна за варење, за разлика од брокулата.

hrana-koja-mozhe-da-vi-gi-vloshi-simptomite-na-nastinka-i-grip-02.jpg

М. Д. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg