Сите го имаме – вистината за салото околу стомакот и клучни чекори како најлесно да го стопите
Секој има (малку) маснотии во стомакот, дури и луѓето коишто имаат рамни стомачни мускули. Тоа е сосема нормално. Но, премногу маснотии во стомакот може да влијаат на вашето здравје на начин на кој другите масти не влијаат.
Дел од салото се наоѓа веднаш под кожата. Другите масти се подлабоко внатре, околу вашето срце, белите дробови, црниот дроб и другите органи. Колку се маснотиите подлабоко лоцирани, т.н. „висцерални“ масти, толку може да предизвикаат поголеми проблеми, дури и кај слабите луѓе.
Висцералните масти ни се (во мала количина) потребни. Тие обезбедуваат „амортизација“ на органите.
Но, ако ги имате премногу, веројатно ќе се соочите со висок крвен притисок, дијабетес тип 2, срцеви заболувања, деменција и одредени видови на рак, вклучувајќи рак на дојка и рак на дебелото црево.
Ако накачите премногу тежина, вашето тело почнува да ги складира мастите на невообичаени места. Со зголемената тежина, вообичаените области за складирање маснотии се толку полни што тие почнуваат да се депонираат во органите и околу срцето.
Како да го измерите салото околу стомакот во домашни услови?
Со помош на кројачко метро измерете го обемот на половината опфаќајќи го папокот. Направете го тоа додека стоите и осигурајте се дека лентата е рамна. Доколку се грижите за вашето здравје, обемот на половината треба да е помал од 88.9 cm доколку сте жена и 101.6 cm доколку сте маж.
Дури и доколку сте слаби, сепак може да имате премногу висцерални масти. Ова делумно ги опфаќа гените, животниот стил, а особено физичката активност.
Висцералните масти „сакаат“ неактивност. Во една студија, слабите луѓе кои внимавале што јадат, но не вежбале, имале поголема веројатност да развијат премногу висцерални масти. Клучот е да бидете физички активни, без разлика колку тежите.
4 клучни чекори за топење на маснотиите во стомакот
Звучи едноставно: вежбање, режим на исхрана, доволно сон и контрола на стресот. Но, како треба да се спроведе?
Вежбање
Енергичното вежбање ги намалува сите маснотии, вклучувајќи ги и висцералните. Вежбајте најмалку 30 минути дневно, со средно кон брзо темпо, најмалку 5 дена во неделата. Пешачењето исто така се важи, но само доколку тоа го правите брзо, го кренете пулсот на срцето и почнете да се потите додека одите.
Режим на исхрана
За жал, не постои волшебна диета за топење на маснотиите во стомакот преку ноќ. Но, кога слабеете со која било диета или режим на исхрана, маснотиите во и околу стомакот обично први се топат.
Консумирањето на доволно растителни влакна може да помогне. Луѓето кои јадат 10 gr растворливи влакна на ден, без други промени во исхраната, со текот на времето складираат помалку висцерални маснотии од другите.
Квалитетен и доволен сон
Луѓето кои спијат од 6 до 7 часа добиле помалку висцерални маснотии во текот на 5 години во споредба со оние кои спиеле 5 или помалку часови во текот на ноќта или 8 или повеќе часа. Значи запаметете „златна средина“ – не помалку од 5 часа, но не и повеќе од 8 часа сон.
Стрес
Секој се соочува со стресни ситуации. Како се справувате со нив е најважно. Она што може да го направите е да се релаксирате со пријателите и семејството, да медитирате, да вежбате или да закажете стручно советување.
Доколку немате време за сите овие работи и може да направите само, вежбањето веројатно има најнепосредни придобивки, затоа што со „еден удар“ ќе погодите „две муви“ – дебелината и стресот.
(О)Милена | Црнобело