Лоша страна на оралниот секс
Сè повеќе болести се поврзуваат со сексот. И додека многу од нив ни се познати, новите откритија на научниците не се воопшто охрабрувачки.
Имено, ако сакате да и овозможите орален секс на вашата партнерка, освен сеприсутниот ХПВ, се зголемува и ризикот од тумор на белите дробови.
Истражувачите на Меѓународната агенција за истражување на туморот откриле како ХПВ го зголемува ризикот од заболување од карцином на белите дробови за дури 30%.
„Од поодамна е познато дека ХПВ вирусот со своите мутации може да предизвика рак на грлото на матката. По ист принцип може преку слузницата на дишниот систем да стигне до плуќата и да мутира, што може да доведе до респираторни инфекции, а во одреден број случаи се отвора можност и за карцином“, објаснува др. Анантараман Девасена која го води истражувањето.
Потребни се дополнителни истражувања за да се утврди точната поврзаност на вирусот и карциномот. Но, нема простор за паника, затоа што на пример цигарите го зголемуваат ризикот од карцином на белите дробови за преку 80% (што на многумина не им е доволна причина за да престанат да пушат). Едноставно, внимавајте на хигиената, а вашата партнерка редовно нека посетува гинеколог.