Зошто е добро темното чоколадо за здравјето?

Темното чоколадо е брз и вкусен начин да го подобрите целокупното здравје на телото. Неговите состојки, особено антиоксидантите, можат да ви помогнат да се справите, па дури и да ги спречите проблемите како висок крвен притисок или оксидативен стрес.

4-dokazhani-zdravstveni-pridobivki-od-temnoto-chokolado-01.jpg

Во продолжение можете да погледнете неколку причини зошто e добро почесто да јадете темно чоколадо:

Добро е за срцето и циркулацијата

Темното чоколадо е добро за срцето, најмногу поради флавоноидите кои се наоѓаат во него.

Флавоноидите се антиоксиданти од кои има неколку придобивки за здравјето на срцето:

Понизок крвен притисок: Не е познато како точно флавоноидите го намалуваат крвниот притисок, но истражувањата покажале дека ова сепак се случува.

Намален холестерол: Флавоноидите можат да го зголемат нивото на таканаречениот „добар холестерол“ кој, пак, го регулира нивото на „лошиот“.

Го спречува згрутчувањето на крвта: Истражување од 2007-ма покажало дека темното чоколадо го намалува ризикот од згрутчување на крвта, со тоа имајќи позитивно влијание врз целокупното кардиоваскуларно здравје.

Намален ризик од мозочен удар: Бидејќи темното чоколадо го регулира крвниот притисок, со тоа го намалува и ризикот од мозочен удар.

Намален ризик од секакви срцеви проблеми: Во 2017-та биле разгледувани неколку истражувања на оваа тема, со што се покажало дека почестото консумирање темно чоколадо може да го намали ризикот од секакви проблеми со срцето.

4-dokazhani-zdravstveni-pridobivki-od-temnoto-chokolado-02.jpg

Може да ги намали воспаленијата

Поради антивоспалителните својства на антиоксидантите во темното чоколадо, тоа може да му помогне на организмот полесно да се справи со воспаленијата.

Добро е за мозокот

Наводно, флавоноидите можат да го зголемат дотокот на крв до мозокот. Поради ова, во мозокот има повеќе кислород со што се намалува ризикот од болести како Алцхајмер.

Истражување во 2018-та покажало дека флавоноидите имаат позитивно влијание врз мозочната активност и можат да ги подобрат меморијата и вниманието.

4-dokazhani-zdravstveni-pridobivki-od-temnoto-chokolado-03.jpg

Го намалува оксидативниот стрес во телото

Антиоксидантите во темното чоколадо можат да се справат и со слободните радикали во телото, кои можат да бидат причина за оксидативен стрес – нерамнотежа помеѓу антиоксиданти и слободни радикали во организмот.

Како да го консумирате темното чоколадо?

Кога купувате темно чоколадо, обрнете внимание на тоа да има повисок процент какао. Наводно, поголемиот процент на какао значи повеќе здрави материи, помалку шеќер и помалку други потенцијални состојки.

Се препорачува да купувате темно чоколадо со 80% какао, а за да ги почувствувате придобивките, доволно е да изедете околу 20 грама во денот.

4-dokazhani-zdravstveni-pridobivki-od-temnoto-chokolado-01.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg