20 дена тиква за вечера – Какви промени ќе забележите?
Една жена реши да раскаже како ѝ се променило телото откако 20 дена по ред, без исклучок, консумирала печена тиква за вечера.
Српските медиуми пренесуваат дека анонимната жена експериментот го започнала бидејќи ги прочитала сите предности и здрави страни на тиквата, а подготовката на вечерата ѝ се чинела повеќе од лесна.
Потребно било само да ја излупи тиквата, да ја исече на коцки и да ја потпече во рерна.
За 20 дена забележала дека:
Намалила 3 килограми, поради големата количина на влакна во тиквата, кои ве држат сити. Самата тиква истовремено е нискокалорична, па нема да ви наштети на линијата.
Кожата на лицето ѝ се затегнала и исчистила, благодарение на тоа што тиквата делува како антиоксиданс.
Варењето ѝ се подобрило и метаболизмот ѝ се забрзал.
Немала повеќе проблеми со заматен вид, со оглед на тоа што секојдневно работела по неколку часа пред компјутер.
Тиквата исечкана на мали коцки може да ја зачините по желба, но без многу шеќер или масло.
Се пече 30-тина минути на 220 степени.
М. Д. | Црнобело / фото: depositphotos.com