Забранетото овошје

zabranetoto-ovosje-povekjeОвошјето поради кое Адам и Ева се протерани од рајот е – јаболкото. Ако сте заборавиле на оваа ризница од витамини, ова е вистинското...


...време да се потсетите. Ова овошје не е скапо, а го спречува и зголемувањето на тежина – најчестиот „зимски спорт“, особено во нашите краеви.

zabranetoto-ovosje

Јаболките и вежбањето се клуч за здравиот живот. Ако пред секој оброк изедете по едно јаболко, го намалите внесувањето на маснотии и вежбате три пати неделно, побргу ќе ослабите. Растителните влакна и ензимите што ги содржи јаболкото делуваат како природни дигестиви и го забрзуваат движењето на храната низ вашиот систем за варење. Бидејќи ова овошје бргу ќе ве засити, помалку ќе јадете.

Немојте да заборавите дека јаболката не треба да ги лупите, бидејќи поголемиот дел од витаминот Ц и А се наоѓаат непосредно под лушпата. Затоа, најдобро е само да го измиете јаболкото. Бидејќи содржи повеќе фосфор и железо од останатите овошја, јаболкото е добро и за помнење. Ако редовно го земате ова овошје во комбинација со млеко, ќе се подмладите, а кожата ќе ви биде блескава и здрава.

Сочните јаболка се одличен избор и за ужина, бидејќи го спречуваат губитокот на течности од организмот. Кога ќе ви се пријаде благо, ова благо овошје ќе ви помогне да ја надминете кризата. Покрај тоа ќе во го подигне нивото на шекерот во крвта, исто како и чоколадото и бомбоните.

Ако изедете јаболко, особено ако сте на работното место и морате да седите, ова овошје ќе ве смири и ќе ви ја намали напнатоста.

Затоа не чекајте. Загризете и - уживајте!

Би можело да ве интересира:

Кои се симптомите на гестациски дијабетес и што ако не се третира? Гестацискиот дијабетес се појавува во бременоста, а најчесто по породувањето, ше...
Испукани агли на устата (жвали) - зошто се појавуваат и како да ги излечите? Доколку не ги лекувате испуканите агли на устата, инфекцијата може да се прошири...
3 масажи кои можат да ги намалат менструалните болки Масажата на стомакот ги релаксира мускулите и ја намалува напнатоста. Исто така,...
Вие прашувате, психолог одговара „Перфекционист сум - ова ми создава притисок и постојано сум под ст... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
3 едноставни вежби за лимфна дренажа Вежбите за лимфна дренажа можат да помогнат во намалување на отоците кои настану...
Што предизвикува пелтечење кај возрасните и може ли да се надмине? Пелтечењето кај децата кои уште учат да зборуваат не е невообичаена појава, но к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg