3 совети како да се заштитите од вируси и бактерии, кои се всушност лаги
Зголемената хигиена и антибактериските средства ни станаа секојдневие, но тоа не значи дека повторно не грешиме.
Има 3 совети кои сигурно досега сте ги слушнале барем еднаш, па и сте ги примениле, без да знаете дека се чиста лага и не ве штитат од ништо, освен што ви влијаат позитивно на психата.
За што зборуваме?
Ги фаќате рачките со ракав или дел од облеката
На прв поглед има логика, со оглед на тоа што создавате бариера помеѓу вашата кожа и површината, но користењето на парче облека кое го носите не е баш паметно. Потоа многу полесно ќе си ги пренесете бактериите и вирусите од облеката на остатокот од кожата, па може дури и на лицето, устата, носот и очите.
Најпаметно е да ги допирате рачките и површините со марамче кое веднаш потоа ќе го фрлите или едноставно да ги дезинфицирате и измиете рацете по допирање на различни валкани површини, а во меѓувреме никако да не се допирате.
Копчињата во лифт ги притискате со лакт, зглоб на рака или превиткани прсти
Ситуацијата е иста како претходната. Не само што не се штитите, туку повторно несвесно си ги разнесувате бактериите и вирусите по целото тело.
Најдобро е да користите предмет кој ќе го фрлите веднаш, да користите ракавици за една употреба или повторно марамче.
Сепак, со оглед на тоа што дека не е вообичаено постојано да се шетате со марамчиња, не е воопшто страшно да ги притискате копчињата со рака, па веднаш да ги дезинфицирате и измиете рацете, а во меѓувреме не се допирајте.
Дезинфекција со влажно марамче
Ако користите посебно марамче за секој предмет, односно телефонот го чистите со едно, масата со друго, маусот со трето, тогаш ова има логика.
Но, ако користите едно марамче за сите површини, ништо не дезинфицирате, туку само ги мешате вирусите и бактериите.
*Напомена: Стручните лица наведуваат дека не мора да се пребришуваат предметите што ќе ги купите, ниту дека мора да излегувате со марамче за допирање на разни површини, за тоа е доволно да се одржува висока хигиена на рацете и да не се допира лицето со валкани раце. Сепак, овие совети важат за оние кои се чувствуваат посигурно кога ги применуваат.
М. Д. | Црнобело