Спортска линија
Повеќето мажи, како и жени, одат во теретана за да го симнат вишокот на килограми. Меѓутоа, тоа се остварува само ако се држите до одредени правила.
Имено, при преголемо оптеретување, нашето тело воопшто не ги користи оние резерви од кои вие би сакале да се ослободите. Тажно, но вистинито – излегува дека се вложува залудно голем труд. Но, ни тоа не баш сосема точно.
Кога на мускулите им е неопходна енергија, најлесно ќе ја добијат од јаглените хидрати. Затоа организмот прво ги троши залихите од јаглени хидрати. Потоа остануваат масните наслаги, кои како концентрирани залихи на енергија многу потешко се трошат.
Маснотиите содржат многу енергија, но телото тешко успева да ги мобилизира масните наслаги. За согорување на тоа гориво за мускулите потребно е повеќе кислород. Последица на тоа е дека дури по 20 минути тренинг може да настапи вистинско согорување на тоа што ви е вишок. Имено, кој сака да ги смали масните наслаги, мора да тренира 30 минути, а најдобро еден час.
Секако тука важи правилото, подобро полека отколку бргу. Грешат оние што мислат дека со поголемо напрегање побргу ќе ослабат. Оптималниот напор за согорување на мастие е користење од 60 до 80% од максималната сила. При најголемите напори организмот троши исклучиво јаглени хидрати.
Вашиот пулс е идеален мерач на интензитетот на напорот. За да се одреди идеален пулс за согорување на вишокот маснотии, важи следното правило: одземете ги вашите години од бројот 220, потоа пресметајте 60 до 80 проценти.
Значи, оној што има 35 години би требало да тренира така што пулсот во една минута да има 111 до 140 отчукувања.
Ако ги почитувате правилата предвидени за здраво тренирање, ќе постигнувате ефекти. По извесен период на редовно тренирање, ќе ви се зголеми вкупната потрошувачка на калории – и тоа не само при спортување.