Навики кои треба да ги примените во 30-ите за да бидете здрави целиот живот
Обрнете внимание на коските
Со текот на времето коските слабеат, па во 30-тите обрнете им повеќе внимание. И овојпат од помош е физичката активност, а добро е да го зголемите и внесот на храна богата со калциум и витамин Д.
Јадете помалку шеќер, а повеќе масти
Во 30-тите не можете да си дозволите цела недела да живеете од пица. Се разбира, нема потреба целосно да се откажете од нездравата храна, но обидете се да го намалите внесот на шеќери. Истовремено, внесувајте повеќе здрави масти кои ќе ви ја дадат потребната енергија.
Никогаш не го заборавајте заштитниот крем за сонце
Вашата кожа повеќе не се обновува како во младоста, па ако не сакате предвремени брчки, морате да ја заштитите од надворешните влијанија.
Секогаш кога излегувате од дома нанесувајте заштитен крем за сонце, дури и ако времето е облачно.
Консумирајте повеќе хранливи влакна
Храната како грашок, леќа и брокула е богата со хранливи влакна кои, пак, го одржуваат здравјето на дигестивниот систем. Ако не внесувате доволно влакна, се изложувате на ризик од дијареја, констипација и хемороиди – проблеми што не ги сака никој.
За луѓето над 30 години, препорачливо е да внесуваат 25 до 30 грама влакна секој ден.
Истражете ја историјата на болести на вашето семејство
Голем број болести и нарушувања се наследни, па добро би било да знаете какво било здравјето на другите членови од вашето семејство.
Ако некој имал сериозна болест, истражете дали е наследна и разговарајте со вашиот лекар за тоа дали и вие сте изложени на ризик, но и што можете да направите во врска со тоа.
Спирова С. | Црнобело