Попуштете пред искушението
Некои, редовно остануваат подолго на работа, строго внимаваат на секоја калорија што ја внесуваат, го јадат само она за што се сигурни дека е здраво...
...редовно вежбаат, фини се кон другите дури и кога не се расположени за тоа, се работат „по пропис“...
Можеби и не се држат стопроцентно до правилата, но не се далеку од тоа. На таквите личности добро би им дошло повремено да се опуштат и да попуштат пред некое искшение.
„Да се попушти пред искушение“ не е добар совет за некој што во ни еден случај дисциплинирано не се придржува кон упатствата – самодисциплината е добра работа која ви овозможува да бидете ефикасни - но вишокот на самодисциплина може да пречи. Можеби се гордеете со тоа што го постигнувате, можеби чувствувате дека нешто убаво пропуштате, можеби и едното и другото – но сепак не сте среќни.
Да нема забуна, не ви предлагаме да бидете на диета што ја држите од здравствени причини па неконтролирано да почнете да јадете, не ви предлагаме било што неконтролирано да правите. Но, умереноста е добра и корисна особина, вклучувајќи ја и умереноста во самодисциплината. Многу е убаво понекогаш да му се препуштите на некое искушение.
Конкретни примери? Па... да речеме еднаш неделно почастете се со висококалоричен сендвич за кој знаете дека и не е така хранлив, но убаво изгледа, а вкусот, мммм....
Повремено кажете некому што мислите за него, баш онака искрено – детски. Одберете ситуација за тоа, немојте баш на шефот да му кажете дека е кретен, впрочем немојте никому да му кажувате дека е кретен :-), постојат и помалку навредливи начини некому искрено да му кажете што мислите за него.
Колку често да правите вакви излети? Нема некое правило, во принцип, тогаш кога ќе се почувствувате преоптоварено, или ви се чини дека ќе пукнете, па такво опуштање ви е неопходно. Применете го здравиот разум, немојте да претерувате и сè ќе биде во ред.