Зошто да јадете чоколадо?
Чоколадо на рецепт за подобро здравје – звучи предобро за да биде вистинито. Зарем не беше чоколадото виновно за проблематичната и масна...
...кожа полна со мозолчиња? Зар чоколадото не дебелее и не ги затвора крвните жили?
Кажете збогум на сите грижи поврзани со вашето омилено слатко задоволство. Зошто?
1. Чоколадото е богато со хранливи состојки. Антиоксиданти, железо и цинк. Дури има и витамин Ц. Антиоксидантите го успоруваат процесот на стареење, цинкот е важен за добар вид, а ги јакне коските, мускулите, косата и ноктите.
2. Минерали. Секое парче црно чоколадо во нашиот организам е извор на потребните минерали како магнезиумот. Состојките на чоколадото позитивно делуваат на активноста на мозокот, го зајакнуваат срцето и коските и имаат позитивно влијание на мускулите.
3. Добро расположение. Веќе одамна е познато дека чоколадото го подигнува нашето расположение. Го зголемува нивото на серотонин и го подобрува нашето расположение, го подигнува нивото на енергија и го намалува стресот.
4. Срцето го сака чоколадото. Го намалува ризикот од згрутчување на крвта.
Што чекате? Трк по чоколадо! Причини имате повеќе од доволно!