Прегревање на телото: 3 знаци дека веднаш треба да се тргнете од сонце
Изложеноста на високи температури и сонце на подолг рок, може да го доведе телото до прегревање.
Тоа е состојба кога телото повеќе не може да се разлади само и да ја врати температурата на онаа оптималната.
Како да препознаете дека сте претерале со изложеноста на сонце и време е да се повлечете на сенка?
1. Вртоглавица
Лесната вртоглавица е прв знак дека телото прегрева и наместо да ја лечите со апче, обидете се со 2-3 чаши вода во рок од половина час.
2. Нагло престанување да се потите
Интензивното потење е сосема нормална појава ако сте изложени на сонце и топлина, но во моментот кога потењето ќе престане, треба да се загрижите.
3. Осип по кожата
Во моментот кога потните жлезди се блокираат, потта останува под површината на кожата и избива во облик на осип и црвенило пропратено со пецкање и боцкање.
М. Д. | Црнобело