Без кафе, цигари и алкохол
Меѓу најпопуларните пороци за 7 дневно одрекување обично се алкохолот, слатките и цигарите, а германски доктори објаснуваат што...
...точно се случува во организмот за време на постот односно одрекувањето од пороците.
1. Одрекување од алкохол. После неколку дена пост, црниот дроб почнува да се регенрира, а потребни се неколку недели за постепено повлекување на насобраните масти во него. Одрекувањето делува превентивно на цирозата, а нус појава е зголемена агресивност.
2. Одрекување од цигарите. Само 20 минути од последната цигара се подобрува циркулацијата во рацете и нозете, а после 2 дена се повраќа осетот за мирис и вкус. Градите почнуваат полека да се стабилизираат после 2 недели.
3. Одрекување од слатки. Се подобрува крвната слика. За 7 недели можете да ослабите 2,5 кг ако си ги скратите само слатките.
4. Одрекување од кафе. Оние кои патат од висок крвен притисок ќе почувствуваат значително намалување кратко по откажувањето. Ќе ви се подобри желудникот, а може да се појави главоболка како резултат на недостаток на вообичаената доза кофеин.