Совет од стоматолог: Зошто децата треба да пијат млеко и јогурт
Да се консумираат храна и напитоци богати со витамини и минерали е првиот и основен чекор што треба да се направи за зајакнување на забите, а и за целиот организам.
Внесувањето корисни состојки е посебно потребно за децата, за младиот организам, коските и забите да се развиваат правилно. Затоа се препорачува консумирање здрава храна поточно онаа што содржи многу витамини и минерали.
Сепак, не сите деца се љубители на зеленчук и овошје, а витамините што се достапни преку овошјето и зеленчукот, подеднакво се ефективни и кога се консумираат и преку храна односно пијалаци.
Доктор Дејан Димовски, специјалист по стоматологија, посебно ја истакнува важноста на внесувањето витамини во формирањето и одржувањето силни и здрави заби со осврт на млекото и јогуртот заради калциумот и неговата улога.
„Правилното формирање на забите во детскиот период и создавањето основа за развојот на силни, здрави заби е клучно за понатамошната состојба на забите, а со тоа и на целиот организам. Создавањето на структурно интактно забно ткиво, правилното обликување на забите, зацврстувањето и превенирање оштетувања и заболувања, започнува со добрата снабденост на организмот со витамини и минерали кои даваат посебен придонес во создавањето силна забна коска”, вели стоматологот Димовски.
Според Димовски, млекото и јогуртот се одлична храна за забите, затоа што се богати со калциум и фосфор, минерали кои доколку организмот ги има во доволна количина при создавањето на забното ткиво во комбинација со флуорот го овозможуваат создавањето на флуорапатит како градбен материјал на забната супстанца, со што забот станува поотпорен на деминерализација, односно отпорен на разградувањето на забната глеѓ и дентин, а покрај тоа јогуртот уште и го спречува таложењето лоши бактерии во устата, регулирајќи ја усната флора. Во овој контекст совршен избор би биле функционалните производи збогатени токму со овие многу потребни витамини и минерали, како што се Битолски јогурт и млеко со 10 витамини.
Витамини што се корисни и потребни за забите се А, Б и Д. Витаминот А е важен за обликување на забните ткива, така што во недостаток на овој витамин доаѓа до нивно оштетување. Витаминот Б ја штити усната шуплина од најразлични промени и заболувања. Додека пак витаминот Д има повеќекратна функција воопшто во организмот а секако и за забите. Тој е значаен за минерализацијата на коските и забите и ако не се прима доволно може да дојде до нивно пореметување и разградување.
Познато е значењето на минералот калциум за квалитетни заби. Недостатокот од калциум предизвикува забите да бидат лесно кршливи и за да се спречи сето тоа, потребно е да се внесува храна која содржи повеќе калциум, а тоа се: млечни производи, жолчка, кељ и темно чоколадо.
За детските заби посебно се препорачани млечните производи, млеката и јогуртите кои се збогатени со витамини, но и со калциум. Производите со ваков состав се достапни и кај нас, како на пример Битолски јогурт и Битолски млеко и двата дополнети со десет витамини. И јогуртот и млекото на Битолска млекара ги содржат токму витамините кои го помагаат правилното формирање на забите, нивното зајакнување и штитат од промени и заболувања