Водич за хигиена во канцеларија, по враќање на работното место

Како би се намалил ризикот од ширење на вирусот и откако ќе се вратите на работното место, потребно е да ги почитувате советите на епидемиолозите.

vodic-za-higiena-vo-kancelarija-po-vrakjanje-na-rabotnoto-mesto-001_resize.jpg

Па, за да не се плашите од враќањето на работа по долгиот карантин, следете го овој водич:

Ако сте настинати – останете дома и јавете му се на матичниот лекар за да му ги објасните симптомите. Потоа ќе добиете детални упатства како да се однесувате.

Одржувајте физичка дистанца од колегите, како и од клиентите.

Често проветрувајте ја просторијата во која работите. Ако користите клима уреди за топлење и ладење, задолжително инсистирајте за нивно чистење.

Маските и ракавиците користете ги на работното место доколку сте во контакт со луѓе или ако просторот го делите со повеќе од две лица.

Маската ставајте ја преку носот и устата. Не ја допирајте со раце однадвор. Користете ја онолку пати колку што е назначено на декларацијата.

Ако користите маски за еднократна употреба, треба да ги замените 2-3 пати во текот на 8-часовно работно време.

Не ги допирајте со рацете устата, носот и очите, дури и ако носите ракавици.

При кашлање и кивање користете хартиено марамче за еднократна употреба, кое ќе го фрлите во канта.

Често дезинфицирајте ги очилата, мобилните телефони, пенкалата, клучевите, тефтерите, ID-картичките и паричникот.

Неколкупати дневно дезинфицирајте ја работната површина, како и лаптопот или тастатурата и маусот.

Најдобро е да носите храна која ќе ја подготвите од дома и ќе ја спакувате во пластични садови или термоси. Користете и ваш, домашен прибор за јадење.

Не делете предмети или крпи со колегите во текот на работното време.

Мијте ги рацете 20-тина секунди со топла вода, по можност на секој час и задолжително пред јадење и по чистење на површините.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Испукани агли на устата (жвали) - зошто се појавуваат и како да ги излечите? Доколку не ги лекувате испуканите агли на устата, инфекцијата може да се прошири...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg