Сокриени калории кои дебелеат
Веќе некое време внимавате на исхраната, но ви се чини дека стрелката на вагата и понатаму е статична. Можеби генерално сте ги промениле своите...
...прехранбени навики, но сепак килограмите остануваат. Постојат сокриени калории.
1. Кечап и мајонез. Компирите и пицата се незамисливи без кечап и мајонез. Можеби не јадете компирчиња и пица, но и понатаму во својот ручек додавате малку кечап. Во 100 грама кечап има 11 коцки шеќер.
2. Овошен јогурт. Одличен меѓуоброк, но за жал богат со шеќер. Во 100 грама има дури 6 коцки шеќер.
3. Ананас. Се сеќавате на онаа диета со ананас од К-15? Ананас од конзерва содржи 4 коцки шеќер. Преферирајте да го јадете свеж.
4. Газирани пијалаци и засладени сокови. Газираните пијалаци содржат дури 17 коцки шеќер во 1 литар. Тука некаде се и соковите. Најдобар избор ви е обична вода, незасладен чај и природен сок.
5. Лате Макијато. Кафето со млеко содржи од 5,6 до 9,2 грама масти. Замка се и кафињата во кои додаваат шлаг.
6. Пекарски производи. Во недостиг на време претрчуваме до блиската пекара и купуваме нешто ситно за да каснеме. Но, обичен мал кроасан содржи 22,6 грама масти кои директно се таложат на колковите.