Како низ игра да ги научите вашите деца правилно да ги мијат рацете?
Сите ние знаеме дека чистотата е половина здравје, а уште од млада возраст сме научени дека личната хигиена е нешто што е неопходно.
За жал, ерата на корона вирусот со која моментално се справува целиот свет, многумина од нас нѐ научи дека миењето на рацете досега беше неправилно или нецелосно.
Покрај останатите мерки за превенција на корона вирусот, како што се социјалното растојание и самоизолацијата, миењето раце е еден од најзначајните начини за да се спречи ширењето на оваа болест.
Зошто е важно правилно да ги миеме рацете?
Познато е дека околу 3.000 бактерии живеат на рацете на една личност, па затоа е неопходно одржување на хигиената да започне токму оттаму.
Нашите раце допираат сè и во текот на денот собираат патогени микроорганизми, кои се чести преносители на болеста.
Микроорганизмите можат да бидат вируси и бактерии, како и габи.
Она што правилното миење го овозможува е истите да се отстранат од површината на кожата.
Самото тоа го спречува внесувањето на вируси и бактерии во телото и се разбира: разболувањето.
Миењето на рацете со сапун е евтина, ефикасна и лесна мерка за борба против болеста - особено сега кога владее пандемијата на болеста COVID-19.
Иако самиот процес изгледа лесно, сепак праксата покажува дека само еден од дваесет луѓе правилно ги мијат рацете.
Со честите кампањи против корона вирусот, оваа бројка сега е сигурно многу помала, но до пред неколку месеци не многу луѓе ги миеја своите раце повеќе од 20 секунди.
Особено е тешко да им се објасни на децата за важноста на миењето на рацете.
Во продолжение неколку чекори како да ги научите вашите деца правилно да ги мијат рацете:
Чекор 1: Навлажнете ги рацете со вода.
Чекор 2: Користете доволно сапун за да ги покриете влажните раце.
Чекор 3: Триење на сите површини на рацете - вклучувајќи ги и деловите на задниот дел, меѓу прстите и под ноктите - најмалку 20 секунди.
Чекор 4: Темелно исплакнете ги рацете со вода.
Чекор 5: Исушете ги рацете со чиста крпа, по можност за еднократна употреба.
Едуцирајте ги преку фотографија повторувајќи ја постапката:
Постои уште една одлична опција за миење на рацете, погодна за нашите најмали, а тоа се: забавните и едукативни песни.
Во продолжение предлог песнички со кои се надеваме дека вашите деца преку забава ќе го совладаат правилното миење на нивните раце, бидејќи хигиената е половина здравје, особено во овие денови.
Мила М. | Црнобело