Како цинкот помага во борбата со вируси?

Деновиве, поважно од било кога е да имате добар имунитет, и мора да се трудите постојано да го зајакнете.

kako-cinkot-pomaga-vo-borbata-so-virusi-01.jpg

Најдобар начин е да внесувате соодветна количина на цинк кој е еден од најважните минерали во телото. Најчесто сите пиеме витамин Ц, Б, Д, магнезиум, калциум, а цинкот се заборава, иако неговиот недостаток може да го промени метаболизмот и да го ослаби имуниот систем.

Цинкот е потребен за производство на протеини и ДНК, за растење и обновување на мускулите, за правилен осет за вкус и мирис, помага при зараснување на раните, а го јакне и имунолошкиот систем во борбата против вируси и бактерии. Тој го подобрува варењето на храната и го регулира хормоналниот баланс.

Бројни истражувања покажале дека ако цинкот се зема прв ден после настинка, телото се опоравува многу побрзо.

Експертите веруваат дека доволно ниво на цинк во телото може да спречи ширење на вируси, затоа што цинкот стимулира создавање на заштитна мембрана и спречува продор на вирусните патогени низ слузницата и респираторниот тракт.

Во кои намирници има цинк?

Во школките, јунешко месо, црвеното месо (јагнешко, прасечко и говедско). Веганите и вегетаријанците треба да внесуваат повеќе производи како семки од сончоглед, тиква, соја...

kako-cinkot-pomaga-vo-borbata-so-virusi-02.jpg

Во просек, на возрасна личност и се потребни 40mg цинк дневно, на адолесцентите 30mg, а на децата 20mg.

Сепак, водете сметка да не претерате – недостатокот на цинк е подеднакво лош како и претераното внесување.

Напомена: Доколку се решите да внесувате цинк во синтетичка форма, консултирајте се со вашиот лекар за количината.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg