Недостатокот на 4 супстанции ќе ви предизвика неподнослива главоболка – како да ја ублажите и одбегнете?

Најмногу склоност кон мигрена имаат темпераментните луѓе кои имаат ниска отпорност кон стресот. Освен тоа, склоноста кон чести главоболки може да биде и наследна, а појавата на истите може да зависи и од полот (жените страдаат многу повеќе од мигрени за разлика од мажите). Постојаниот стрес и нервозите исто така имаат сериозно влијание врз здравјето.

Nedostatok-na-supstancii-nepodnosliva-glavobolka-01.jpg

Покрај овие фактори, квалитетот на исхраната исто така игра голема улога. Научниците открија дека недостатокот на одредени витамини и макро елементи може да биде причина за силна, неподнослива главоболка.

За кои супстанции станува збор?

Фолна киселина и витамин Б12

Доколку имате дефицит на овие супстанции во организмот може да развиете проблеми со меморијата, да станете расеани и лесно раздразливи. Кога имаме главоболка најчесто посегнуваме по аспирин, а тој го снижува нивото на фолна киселина и витамин Б12.

Со цел да го надоместите недостатокот потребно е да јадете спанаќ, тиква, брокули, аспарагус, авокадо, банани, моркови и јајца. Потрудете се да ги вклучите овие намирници во секојдневната исхрана и веднаш ќе забележите огромна разлика.

Бакар и железо

Овие спаѓаа во групата на важни макро елементи. Нивниот недостаток најчесто се јавува кај жените, а ова предизвикува анемија, мигрена, хипертензија, депресија и умор. Овие важни супстанции може да ги надоместите преку грав, козјо сирење, авокадо, зелена салата, семки, џигер, алги.

Витамин Б6

Недостатокот на овој витамин предизвикува васкуларни заболувања. Со цел да го спречите ова јадете повеќе грав, џигер, свеж зеленчук, житарки. На овој начин ќе го зачувате здравјето на виталните органи, како што се срцето и мозок, и ќе го зајакнете нервниот и кардиоваскуларниот систем.

Витамин Д

Ова е еден од најважните витамини кој се создава во телото кога сме изложени на сончева светлина. Но во зимскиот период кога нема доволно сонце мора да се погрижите да вклучите во исхраната храна која е богата со витамин Д, односно јајца, мешунки, морски плодови и сите видови на млечни производи.

Не заборавајте дека здравата исхрана, спиењето, шетањето на свеж воздух и редовната физичка активност се клучот на здравјето и долговечноста. Здравиот начин на живот ќе ја намали појавата на мигрени и нивниот интензитет.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg